materijali.03_11_40_03.Still001

Зимските уписи за нови членови во Тинтири Минтири е во тек. Уписите се наменети за деца од 6 до 18 години, со или без досегашно искуство.

Со настава и снимања почнуваме од оваа недела, а повеќе информации за уписите и нашите активности можете да добиете на приватна порака на нашите социјални медиуми Инстаграм и Фејсбук, како и на тел. 078 30 21 61.

Доколку сте заинтересирани за упис, Ве молиме пополнете ја оваа ПРИЈАВА,  а ние дополнително ќе ве контактираме.

materijali.07_21_55_02.Still016

Работиме според структурирана едукативна програма на менторска основа. Учениците учат сами да пишуваат, снимаат и монтираат филмови. При тоа ги запазуваме сите педагошки барања и дидактички принципи.

Нашата воспитна и образовна цел ја исполнуваме со јавно прикажување на работата во текот на годината, пред се преку едукативната забавна емисија Тинтири Минтири Шоу која веќе 4 сезони континуирано се емитува на Канал 5 телевизија.

Работиме во неколку аудио-визуелни области: филмска и тв глума, филмско и тв сценарио, филмска и тв режија, креативно пишување, анимација, водители, радио драма, градење однос кон камера и јавен настап.

 

https://www.youtube.com/watch?v=NoRleb2NZi0&ab_channel=TintiriMintiri

10 epizoda.00_01_40_13.Still003

6 epizoda.00_52_57_23.Still011

6 epizoda.01_59_29_11.Still014