Драги деца и родители, зимските уписи за нови членови за 2026 се отворени!

Секое дете има своја приказна. Некои ја раскажуваат гласно, некои тивко, а некои сè уште ја бараат својата.
Во Тинтири Минтири создаваме простор каде што децата без страв учат да се изразат, да веруваат во себе и да бидат тоа што се.

Преку глума во театар, во филмови и серии и низ игра, децата:
✨ ја градат самодовербата,
✨ учат јасно да зборуваат и да се слушаат,
✨ развиваат емпатија и чувство за припадност во тим,
✨ учат дека грешката не е неуспех, туку дел од процесот на растење.

Тинтири Минтири не е само обична актерска школа. Ова е место каде што децата се охрабруваат да се обидат, да згрешат, да се насмеат на својата грешка и да излезат посилни. Посилни на сцена, пред камера, но и во секојдневниот живот.

🎬 За кого е наменета програмата?
За деца и млади од 6 до 18 години, без разлика дали повеќе сакаат театар, телевизија, филм или едноставно сакаат да бидат послободни, поопуштени, похрабри пред другите и покреативни во животот.

📅 Наставата започнува во јануари 2026
📩 Пријавувањето е онлајн, а ние ве контактираме со сите детали

Љубовен бином

 

Oбука за филмски и театарски актери, основи на филм, филмско сценарио, драмски текст, основи на филмска и тв режија, анимација, радио драма и многу друго.

icon-rezija icon-gluma icon-scenario

 

Како да се информирате и пријавите?

Сите заинтересирани можат да се информираат на тел. 078 30 21 61, преку приватна порака на Инстаграм и Фејсбук или со пополнување на АПЛИКАЦИЈАТА.

icon-voditeli icon-radio icon-animacija