Screenshot_17

Отворени се уписите на нови членови во филмското училиште Тинтири Минтири за зимскиот семестар на учебната 2019/20 година. Програмата е наменета за деца на возраст од 6 до 18 години.

Screenshot_4

Работиме според структурирана едукативна програма на менторска основа. Учениците учат сами да пишуваат, снимаат и монтираат филмови. При тоа ги запазуваме сите педагошки барања и дидактички принципи.

Нашата воспитна и образовна цел ја исполнуваме со јавно прикажување на работата во текот на годината, како и на завршна филмска премиера:

– Кино премиера на сите филмови создадени од деца на меѓународен филмски фестивал.

– Телевизиско и интернет емитување на сите реализирани проекти.9

Работиме во неколку аудио-визуелни области: филмска и тв глума, филмско и тв сценарио, филмска и тв режија, креативно пишување, анимација, водители, радио драма, градење однос кон камера и јавен настап.

Групите со кои работиме се поделени во тесни возрасни категории. Бројот на членови во групите не надминува 15.

Часовите се одржуваат како блок часови еднаш во неделата во студио на Тинтири Минтири. Снимањата се организираат во посебни, дополнително одредени термини.

Учењето во Тинтири Минтири е првенствено практично – постојани снимања и теренска работа на сет што само по себе создава голема искуствена подлога кај децата.

Неколку пати во годината Тинтири Минтири организира дополнителни активности во вид на натпревари, фестивали и снимање на филмови, во кои децата можат да се вклучат зависно од интересот и афинитетите.

Screenshot_24

Месечното членство изнесува 1.500 ден. и се уплаќа на уплатница на жиро сметка на училиштето најдоцна до 15-ти во месецот. Со настава во зимскиот семестар почнуваме од 1 февруари 2020 година со мастерклас со познатиот македонски актер Дејан Лилиќ.

Сите заинтересирани нови членови треба да ја пополнат ПРИЈАВАТА или да испратат основни податоци на нашиот мејл kc.tintirimintiri@gmail.com (име и презиме, возраст, училиште, контакт на родител). Повеќе информации во правилникот подолу во текстот и на телефон 078 30 21 61.

Пред да ја пополните пријатава, внимателно прочитајте го ПРАВИЛНИКОТ.