Отворени се уписите на нови членови во филмското училиште Тинтири Минтири за  учебната 2021/22 година. Програмата е наменета за деца на возраст од 6 до 18 години.

Работиме според структурирана едукативна програма на менторска основа. Учениците учат сами да пишуваат, снимаат и монтираат филмови. При тоа ги запазуваме сите педагошки барања и дидактички принципи.

Нашата воспитна и образовна цел ја исполнуваме со јавно прикажување на работата во текот на годината, пред се преку едукативната забавна емисија Тинтири Минтири Шоу која веќе 4 сезони континуирано се емитува на Канал 5 телевизија.

Работиме во неколку аудио-визуелни области: филмска и тв глума, филмско и тв сценарио, филмска и тв режија, креативно пишување, анимација, водители, радио драма, градење однос кон камера и јавен настап.

Сите заинтересирани можат да се информираат за уписите на тел. 078 30 21 61, во порака на Инстаграм или Фејсбук, да ни пишат на мејлот на kc.tintirimintiri@gmail.com или да ја пополнат ПРИЈАВАТА ЗА УПИС по што ќе ги контактираме.

Со настава почнуваме од септември 2021 година. Заради здравствената ситуација со COVID19, работиме според посебен протокол за работа согласно кој се одвива наставата и снимањата.

Synced Sequence.02_01_19_39.Still006

spot.00_29_04_11.Still008

spot.01_00_32_20.Still012

Screenshot_12

INTRO 4 SEZONA.00_16_41_13.Still001