Untitled design (38)

Стани дел од филмската екипа на „Некако поинаку“

materijali2.00_11_21_13.Still007

Овој курс со времетраење од 12 недели има за цел теоретски и практично да ги внесе учесниците низ процесот на создавање на краткомеражниот филм „НЕКАКО ПОИНАКУ“ почнувајќи од сценарио, па се до филмска премиера. Курсот е наменет за тинејџери од 14 до 18 години, а го организираат филмската продукција Аурипигмент и филмското училиште Тинтири Минтири.

Што и како се работи

→ Вовед во основни и напредни знаења и вештини на филмската уметност

→ Основи на глума, сценарио, режија, работа со камера и монтажа

→ Работа на професионален филмски сет

→ Снимање на краток филм со професионални актери

→ Работа во мала група во голем простор и на отворено, согласно здравствен протокол

Наставата се посетува:

  • еднаш во неделата со физичко присуство (120 минути) секогаш кога е можно на отворено и
  • онлајн средби по потреба
  • за снимањата договараме дополнителни термини

Цена на курс: 2.000 ден. месечно.

Курсот трае 3 месеци.

Почеток: 27 ноември 2021 година (сабота)

Термини: секоја сабота од 15.00 до 17.00 часот

Курсот се реализира со користење на најсовремена филмска опрема од страна на професионална филмска екипа.

Главен ментор: м-р Кузман Кузмановски

kuzman_kuzmanovski_fotoКузман Кузмановски, магистер по филмска и тв режија, има 20 годишно искуство во работа со деца и тинејџери – како ментор за филм и педагог. Автор е на неколку кратки играни филмови (Исклучиво жолти лалиња, Трета зона и др.), долгометражниот игран филм Мејкинг Офф, играните серии Патувања со рабробил, Патувања со рабробус, Вистински приказни и голем број документарно играни филмови. Работи како самостоен ументик во сферата на аудио-визуелните уметности. Директор е на два меѓународни филмски фестивали – меѓународен филмски фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје Фест и меѓународен филмски фестивал за деца Тинтири Минтири Филм Фест. Од 2002 до денес е раководител и ментор на филмското училиште Тинтири Минтири. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 2005 година. До сега има издадено 7 авторски книги.

Останати ментори: сценарист, актери, снимател

Сите заинтересирани можат да ја пополнат ПРИЈАВАТА, по што ќе ги контактираме во врска со протоколот и термините. Повеќе информации можете да добиете на тел. 078 30 21 61.

Погледете ги досегашните слични филмски и тв проекти од продукцијата.

.