Отворени се уписите на нови членови во филмското училиште Тинтири Минтири за учебната 2022/23 година. Програмата е наменета за деца на возраст од 6 до 18 години.
Работиме според структурирана едукативна програма на менторска основа. Учениците учат сами да пишуваат, снимаат и монтираат скечеви и филмови. При тоа ги запазуваме сите педагошки барања и дидактички принципи.
Нашата воспитна и образовна цел ја исполнуваме со јавно прикажување на работата во текот на годината, пред сѐ преку едукативната забавна емисија Тинтири Минтири Шоу која веќе 5 сезони континуирано се емитува на Канал 5 телевизија, како и преку театарски претстави на средината или на крајот од учебната година и премиери на филмови во кои учествуваат нашите членови.
Работиме во неколку аудио-визуелни области: филмска и тв глума, филмско и тв сценарио, филмска и тв режија, креативно пишување, анимација, водители, радио драма, градење однос кон камера и јавен настап.
Настава се посетува еднаш неделно, а снимањата се во термини кои тековно ги одредуваме. Месечното членство за сите возрасни групи изнесува 1.800 денари.
Сите заинтересирани можат да се информираат за уписите на тел. 078 30 21 61, во порака на Инстаграм или Фејсбук или да ја пополнат ПРИЈАВАТА, по што ќе ги контактираме.
Со настава почнуваме од септември 2022 година. Заради здравствената ситуација со COVID19, во септември часовите и снимањата ќе ги одржуваме во Градскиот Парк на отворено, а доколку временските услови не го дозволуваат тоа – во студиото на Тинтири Минтири. (Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје – Центар)