По традиција крајот на учебната година го поминуваме релаксирано, со многу забава и дружење.
Овој пат со гостинот Goran Pajak Trifunovski споделувавме актерски искуства, разговаравме за создавањето на видео спотовите на групата Pepermint, направивме неколку актерски вежби ис л.
Научивме дека актерот во секое време треба да има целосна контрола на своите емоции и треба да научи како по потреба да повикува одредени чувства.
Откривме и дека голем дел од нашите членови се вистински професионалци, бидејќи можат да заплачат кога ќе посакаат, а оваа работа не е воопшто едноставна.
И да заклучиме – кога си актер, целта не е да бидеш емотивен, туку да знаеш како да ги изразиш вистинските емоции во вистинскиот момент.

DSC03205