Дали сте се запрашале како актерите започнуваат да плачат кога улогата го бара тоа од нив? Додека се снима филм, атмосферата често е забавна и тешко кој може тогаш да заплаче. Замислете ја ситуацијата, цела филмска екипа од дваесеттина души подготвено чека да заплаче актерот за да се сними сцената. А, што ако на актерот едноставно не му е до плачење?

447
Постојат неколку техники кои се учат и со кои, со доволно вежбање и концентрација, секој може да заплаче. Еве дел од нив:
1. Потсетување или замислување на некои тажни настани. За ова помага да речеме, разгледување на албум со слики од некој тажен период во животот. Некои пак си замислуваат тажни работи кои божем им се случиле на нивни блиски. Со доволна концентрација, навираат солзи на оној кој ја применува техниката.

aid1150309-728px-Act-Out-an-Emotional-Scene-Step-12
2. Некои режисери практикуваат невообичаен метод во кој со цел да ги расплачат, ги навредуваат и омаловажуваат актерите. Ова е доста екстремен и заради тоа непопуларен „метод за плачење“.

Director-James-Cameron-on-set
Постојат уште голем број интересни техники и методи кои актерите ги практикуваат. Со доволно вежба можат да ги научат повеќето што сакаат да се занимаваат во актерство.

Повеќе информации на оваа тема можете да научите на часовите во филмското училиште Тинтири Минтири. Еве како тоа го прават нашите членови.