Филмски летен камп (7 -13 август)
 leten_kamp

Овој камп е наменет за деца од 8 до 18 години.

Сместување: во бунгалови во извиднички центар Охрид, населба Даљан.

Поаѓање од Скопје на 7 август во раните утрински часови. Враќање на 13 август навечер. (7 дена, 6 ноќевања)

Организација на активностите:

Будење во 7.30. Појадок од 8.00 до 8.30.  Работа со ментори и снимање 9.00 до 14.00 часот. Ручек од 14.00 до 14.30. Одмор и слободни активности од 14.30 до 16.00 часот. Работа со ментори и снимање 16.00 до 20.00 ч. Вечера од 20.00 до 20.30 часот. Актерски игри, гледање и анализа на филмови, средби со актери и слободни активности од 20.30 до 23.00 часот.

За време на кампот децата работат со ментори – сценарист, режисер, снимател и двајца актери, а ќе ги обработуваат темите: филмски синопсис и сценарио, развој на филмски дијалози, работа со актери и актерски филмски вежби, однос кон камера, филмски план и ракурс, кадрирање, практична работа (снимање на терен). Во текот на престојот децата ќе снимаат поединечни и групни актерски етиди, игри без граници (водени лудории) и други содржини. Секојдневна посета на плажа. Организаторот го задржува правото да врши измена на активностите и на термините, доколку снимањето го бара тоа.  Сите снимени содржини ќе бидат премиерно прикажани на една од националните телевизии.

Цена на целиот аранжман: 13.000 денари на две рати. Членовите на Тинтири Минтири добиваат специјален попуст.

Цената вклучува: сместување во период од 7 дена (6 ноќевања), 3 оброци и ужина, пат Скопје-Далјан-Скопје,  работа со ментори по сценарио, актерска игра, режија, снимател, снимање на актерски вежби, снимање на водени лудории.

Секој учесник добива подарок маичка и диплома / сертификат.

За децата се грижи едуциран персонал 24/7 и има постојан надзор од спасители.

Местото се резервира со уплата на 1-та рата.

Повеќе информации на 078 30 21 61 и на мејл kc.tintirimintiri@gmail.com.

Извидничкиот центар се наоѓа на излезот од Охрид (стариот пат кон Струга), во населбата Далјан. Од центарот на Охрид е одалечен само 2 километри. Извидничкиот центар располага со сопствена плажа, кујна и трепезарија, спортски терени и голема зелена површина. Сместувањето е во бунгалови.  Собите се 3 и 4 креветни, со тоалет, кабловска и интернет.

Резервации се вршат со уплата на прва рата на жиро сметка: 300000001419437 Име на правен субјект АУРИПИГМЕНТ Назнака: прва рата за —- (име на дете) за 1.  Филмска авантура на брод или 2. Филмски летен камп.

Погледнете дел од содржините на филмското училиште Тинтири Минтири.