Филмско училиште
за деца од 6 до 18 години
Создаваме реални проекти во сферата на филмот и телевизијата. Нашите дела ги прикажуваме не само интерно, туку пред широката македонска јавност.
Работиме според структурирана едукативна програма на менторска основа. Учениците учат сами да пишуваат, снимаат и монтираат филмови. При тоа ги запазуваме сите педагошки барања и дидактички принципи.
Нашата воспитна и образовна цел ја исполнуваме со јавно прикажување на работата во текот на годината, како и на завршна филмска премиера:
– Кино премиера на сите филмови создадени од деца на меѓународен филмски фестивал.
– Телевизиско и интернет емитување на сите реализирани проекти.
Што и како работиме
Филмска и тв глума, филмско и тв сценарио, филмска и тв режија, креативно пишување, анимација, водители, радио драма, градење однос кон камера и јавен настап.
Учењето во Тинтири Минтири е првенствено практично – постојани снимања и теренска работа на сет што само по себе создава голема искуствена подлога кај децата.
Сите наши членови се директно вклучени во многу филмски, телевизиски и фестивалски проекти во текот на целата година, меѓу другото и на два меѓународни филмски фестивали: Анимакс Скопје Фест (http://animaxskopjefest.mk/) и Тинтири Минтири Филм Фест (http://tintirimintiri.mk/).
Групите со кои работиме се поделени во тесни возрасни категории. Бројот на членови во групите не надминува 15.
Часовите се одржуваат како блок часови еднаш во неделата во студио на Тинтири Минтири. Снимањата се организираат во посебни, дополнително одредени термини за што тековно се договараме.
Како да се запишете
Сите заинтересирани нови членови треба да ја пополнат пријавата подолу или да испратат основни податоци на нашиот мејл kc.tintirimintiri@gmail.com (име и презиме, возраст, училиште, контакт на родител). Повеќе информации во правилникот подолу во текстот и на телефон 078 30 21 61.
ПРИЈАВА ЗА УПИС
Повеќе за нашата досегашна работа
– играна серија за деца Вистински приказни (20 продолженија) емитувана на Македонска телевизија јуни/август 2017 во која главните улоги ги толкуваат нашите членови
Снимен игран филм Паника на бродот (во јуни 2017)
– Снимен игран филм за деца Потрага по загубеното богатство.
– Други филмови снимени со нашите членови.
ПРАВИЛНИК
Пред да се пријавите ве молиме внимателно прочитајте го правилникот.
Доколку членот отсуствува од еден или повеќе часови, се плаќа целосно месечно членство. Во одредени однапред најавени случаи, болест или најавени отсуства, може да се направат отстапки во поглед на месечната сума за членство, во договор со одговорните лица од Тинтири Минтири.
Во случаи кога при снимања се ангажира дополнителна екипа за реализација на содржините (сценограф, шминка, костим, актери, сценаристи и сл.) се доплаќа дополнителна сума, за што родителите ќе бидат наврено известени.
Филмското училиште Тинтири Минтири го задржува правото да не запише одредени заинтересирани странки, задржувајќи го своето стручно дискреционо право на избор.
Со пополнување и испраќање на пријавата родителите / старателите се согласуваат децата за кои е пополнета пријавата да учествуваат во сите проекти на филмското училиште Тинтири Минтири, како и на јавно прикажување на сите материјали производ од работата на училиштето.
Повеќе информации на телефон 078 30 21 61 и на нашата веб страна http://tintirimintiri.mk/