Yoga-in-the-Classroom

Многу деца поседуваат талент за пишување. Но и покрај талентот, не е толку едноставно кога треба една идеја да се преточи на лист хартија.

Кога станува збор за креативно пишување кај децата, постојат различни шаблони и техники како своевиден водич за пишување. Најдобро е кога децата ги испробуваат сите техники и со тек на време одбираат која техника најмногу им одговара.

GettyImages_157859304-56a566e03df78cf7728816ae

Еден од методите е вие да нацртате слика, а детето според неа да напише приказна.

Второ, смислете прашања за разговор. Доколку работите со група деца, направете бреинсторминг. Прочитајте им некоја обична приказна на некоја секојдневна тема. Поделете ги во мали групи и поставете им прашања во врска со темата – на пример, каде е поставена приказната, кој им е омилен карактер, како да ја направат приказната да стане поинтересна и слично.

Уште една техника е да им ја откриете првата реченица на децата, а тие самите да ја продолжат приказната врз основа на таа реченица. Или обратно, поставете им ја последната реченица и така тие да ја развијат приказната од нејзиниот почеток.

canstockphoto23787865

Можете да им дадете слика или текст надвор од контекстот на приказната со што тие ќе ги пополнат ненапишаните делови од приказната. Употребете 4 до 10 слики. Овој метод е одличен за изградување на вештините за креативното пишување. Зададената слика или текст можат да бидат во контекст на:

-опишување на амбиент

-опишување на карактери

-употребување на соодвеетни зборови ( придавки и глаголи)

Поттикнете ги децата да читаат народни приказни и да обрнат внимание на редоследот на приказната (почеток, средина и крај).

Изберете еден или два параграфи (во различни места во приказната), чиј што дел што следи е прилично предвидлив и очигледен за да можат децата да напишат свој текст, иако текстот нема никаква поврзаност. Подгответе приказна така што овие делови ќе бидат изоставени поточно оставете простор каде што може децата креативно да размислуваа и да напишат свој текст во празните места. Дозволете им да ја прочитаат тивко својата приказна и секој да си запише свој став за напишаното.

Kids in classroom_0

И за крај поттикнете ги да напишат приказна без ничија помош. Се разбира тоа е голем предизвик за нив. Како олеснување во постапката тие можат да си направат сопствени шеми по кои ќе творат полесно. На пример тие можат да направат:

Брза кратка скица на приказната

-Да измислат 5 прашања кои ќе си ги постават сами на себе

-Да ја напишат приказната во скица, а потоа вие да им ја проверите и ќе го коригирате по потреба поставувањето на приказната, карактерниот развој, правописот, поставувањето на знаци и сл.