Тинтири Минтири го проширува својот музички бенд! Со таа цел организираме аудиција на деца од 6 до 16 години.

За децата кои ќе бидат одбрани ќе се изработат индивидуални песни прилагодени на возраста, со можност за снимање на музички видео спот. Снимените песни ќе бидат објавени во новата емисија на филмското училиште Тинтири Минтири која е во фаза на подготовка, како и на други медиуми. (интернет, радио, телевизија)

Термин за аудиција: сабота (23.09.2017) од 14.00 – 16.00 часот во Македонска телевизија.

Пријавените кандидати треба да отпеат две забавни песни на македонски јазик, по сопствен избор.

Пријавување на линкот https://goo.gl/PsMQYQ.

Повеќе информации на телефон 078 30 21 61.

Потсетете се на најновите музички остварувања на Тинтири Минтири.