Многу деца поседуваат талент за пишување. Но и покрај талентот, не е толку едноставно кога треба една идеја да се преточи на лист хартија.
Кога станува збор за креативно пишување кај децата, постојат различни шаблони и техники како своевиден водич за пишување. Најдобро е кога децата ги испробуваат сите техники и со тек на време одбираат која техника најмногу им одговара.
Еден од методите е вие да нацртате слика, а детето според неа да напише приказна.
Второ, смислете прашања за разговор. Доколку работите со група деца, направете бреинсторминг. Прочитајте им некоја обична приказна на некоја секојдневна тема. Поделете ги во мали групи и поставете им прашања во врска со темата – на пример, каде е поставена приказната, кој им е омилен карактер, како да ја направат приказната да стане поинтересна и слично.
Уште една техника е да им ја откриете првата реченица на децата, а тие самите да ја продолжат приказната врз основа на таа реченица. Или обратно, поставете им ја последната реченица и така тие да ја развијат приказната од нејзиниот почеток.
Можете да им дадете слика или текст надвор од контекстот на приказната со што тие ќе ги пополнат ненапишаните делови од приказната. Употребете 4 до 10 слики. Овој метод е одличен за изградување на вештините за креативното пишување. Зададената слика или текст можат да бидат во контекст на:
-опишување на амбиент
-опишување на карактери
-употребување на соодвеетни зборови ( придавки и глаголи)
Поттикнете ги децата да читаат народни приказни и да обрнат внимание на редоследот на приказната (почеток, средина и крај).
Изберете еден или два параграфи (во различни места во приказната), чиј што дел што следи е прилично предвидлив и очигледен за да можат децата да напишат свој текст, иако текстот нема никаква поврзаност. Подгответе приказна така што овие делови ќе бидат изоставени поточно оставете простор каде што може децата креативно да размислуваа и да напишат свој текст во празните места. Дозволете им да ја прочитаат тивко својата приказна и секој да си запише свој став за напишаното.
И за крај поттикнете ги да напишат приказна без ничија помош. Се разбира тоа е голем предизвик за нив. Како олеснување во постапката тие можат да си направат сопствени шеми по кои ќе творат полесно. На пример тие можат да направат:
–Брза кратка скица на приказната
-Да измислат 5 прашања кои ќе си ги постават сами на себе
-Да ја напишат приказната во скица, а потоа вие да им ја проверите и ќе го коригирате по потреба поставувањето на приказната, карактерниот развој, правописот, поставувањето на знаци и сл.