Кога се зборува за нетпреварување, многу често тоа се спомнува во негативен контекст. Но, еве неколку издржани причини зошто родителите треба да ги поттикнуваат децата да се натпреваруваат:

Натпреварот го држи детето во будна, мобилизирана состојба

Post_Green2_AP-19

А кога некој е во мобилизирана состојба, потешко греши бидејќи повеќе внимава на деталите со цел да победи.

Натпреварот помага детето да ги воочи своите предности и слабости

RadioDrama013_lg

Со натпреварот секој може да увиди каде најчесто греши и на што да работи за да поправи одредени особини, или како да ги прикрие слабостите

Натпреварот ја развива креативноста

radiodrama

Погледнете околу вас, се што е постигнато во развој на човештвото е одраз на одреден натпревар меѓу индивидуи, компании и сл. Креативноста го вади најдоброто од секој човек.

Натпреварот помага детето да научи да се справува со успех и неуспех

sad-child-boy-kid-crying-tears-219722

Ако секогаш се му оди од рака на детето, каква лекција може да научи од тоа? И во тој случај успехот брзо ќе здосади. Натпреварот помага детето да се соочи со „двете страни од паричката“, а тоа пак помага во градење на суштински животни вештини.

Натпреварот го подобрува квалитетот

Yoga-in-the-Classroom

Така детето учи како да се подобри и да оди напред

Натпреварот помага детето да научи да планира на подолг рок

фб цпвер 5

За натпревар треба да имате насока и крајна цел. Тоа само по себе создава „мапа“ во главата на детето, начин на кој тоа планиорта како да дојде до посакуваната цел. А таков вид планирање е неопходен за да се постигне било што во животот.

Натпреварот го турка детето напред, тоа е единствениот начин да се „биде во игра“ и да се има шанса за победа.

Повеќе за новогодишниот натпревар во монолог можете да видите тука.