Здружението Тинтири Минтири започнува со реализација на филмскиот проект со работен наслов „Обновена надеж“ кој промовира дијалог и соработка помеѓу младите од различно етничко потекло.
Проектот е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како дел од проектот „Градење нови мостови – Младински меѓукултурен уметнички фонд“ („Building New Bridges – Youth Inter-Cultural Art Fund“).
Во период од четири месеци преку низа работилници и филмска обука, дваесетина млади на возраст од 14 до 18 години ќе добијат можност да соработуваат со своите врсници од различно етничко потекло. Како краен резултат од оваа соработка ќе произлезе краткиот филм „Обновена надеж“ кој ќе биде прикажан во кино и на телевизија.
Работилниците, како и практичната работа ќе им овозможат на младите да ги реализираат своите креативни потенцијали и да развијат вештини.
Работилниците ќе се организираат со динамика еднаш во неделата во просториите на Тинтири Минтири, а ментори ќе бидат филмски работилници од сферата на актерската игра, режија и сценарио.
Сите заинтересирани млади на возраст од 14 до 18 години можат да се пријават за учество со пополнување на пријавата на ЛИНКОТ, по што тимот на Тинтири Минтири дополнително ќе ги контактира.