Уморни сте од учење цела вечер и токму кога треба да ги одговорите прашањата на тестот, ништо не ви текнува? Со овие техники и методи за брзо помнење, учењето ќе ви оди многу лесно.

Ако сте тип на човек што лесно помни кога слуша одредени информации, прочитајте дел од карактеристиките што можеби ве определуваат:

  • Ги запомнувате сите детали и информации кои ги слушате во разговори или лекции.
  • Имате добро развиен речник. Добро проценувате зборови, имате добри јазични вештини и учите нови јазици многу лесно.
  • Добар говорник сте и водите интересни разговори, изразувајќи ги своите идеи чисто и јасно.
  • Имате музички таленти, способност да слушате звуци, ритам и да препознавате и создавате мелодии.

Еве неколку совети како полесно да памтите ако лесно учите со слушање на информации.

  • Разгледајте го материјалот. Ако е многу долг, поделете го на целини.
  • Фаќајте забелешки за поврзаноста на предметот што го учите и вашето сопствено искуство. Ова се нарекува памтење со асоцијација. Поврзаноста не мора да биде рационална, само поврзете го материјалот со нешто интересно, инспиративно и смешно

notes

  • Земете ги првите букви од збор кој треба да го запамтите и смислете друг збор што почнува на истата буква.
  • Нацртајте слика за она што пробувате да запомните!

drawing

Повторувањето е клуч на памтењето. Користете вербално повторување да ви помогне да ги запомните работите по ред:

  • Прочитајте го првиот дел.
  • Кажете го без потсетник.
  • Прочитајте го првиот и вториот дел заедно.
  • Повторувајте на глас додека постигнете да го раскажете делот без гледање во материјалот.
  • Прочитајте го првиот, вториот и третиот дел заедно.
  • Повторувајте на глас.
  • Повторете го овој процес се додека не го повторите материјалот без грешење.
  • Кога ќе стигнете до крај, повторете уште еднаш без читање. Кажете го на глас три пати.
  • Ако не успевате да го повторите сите три пати, почнете од почеток.

student-studying

Направете пауза. Кога мислите дека имате нешто добро запомнето, направете половина час пауза. Во тој период направете нешто што ве опушта, телефонски разговор или прошетка. На овој начин го релаксирате вашиот мозок и му давате време да го зачува тоа што сте го научиле долготрајно.

  • Проверка. После паузата, проверете повторно дали сте мемориирале се.  Ако не е се запамтено, работете на деловите со кои имате проблем. Потоа повторно паузирајте и повторно работете.
  • Слушајте се. Снимете го материјалот и слушајте го додека спиете на слушалки. Повторување во спиење помага да се утврди запомнетиот материјал.
  • Слушајте ги другите. Ако имате можност,  снимете ги предавањата и слушајте ги информациите. Преслушувањето помага да се запамти информацијата без труд.
  • Движете се. Раздвижете се во просторијата додека учите и повторувајте ги информациите. Со движење ќе ги користите и двете мозочни хемисфери. и така ќе запамтите полесно.

Техниките за меморирање ги користат и актерите кога ги учат долгите дијалози и монолози. Повеќе околу актерските техники за меморирање можете да научите во филмското училиште Титири Минтири.