Снимањето на првата епизода “Две убавини“ од серијалот радио драми Чиста 9-ка започнува неделава, а во наредниот период ќе се снимаат и останатите епизоди.
Улогите за оваа епизода се доделени на Михаела Сандева, Теона Митковска, Леонид Короскоски и Димитриј Анѓеловски, кои се дел од избраните актери од аудицијата одржана на 26 август 2017 година.
Радио драмата Чиста 9-ка ја реализира филмското училиште Тинтири Минтири и Аурипигмент продукција.