Ние сме Тинтири Минтири, место каде веќе 22 години со голема љубов ги учиме децата и младите да глумат, да пишуваат, да снимаат, да раскажуваат и создаваат свои приказни.
Нашиот тим е составен од професионални режисери, продуценти, педагози и медиумски експерти, кои преку креативен процес им помагаат на младите да ја изградат својата самодоверба и љубов кон уметноста.
Во текот на годините создадовме стотици филмски проекти и сценски настапи, а на нашите часови поминале илјадници деца кои денес со самодоверба настапуваат и на сцената и во животот.
За нас, актерството не е само професија, туку пат кон личен развој.
Тоа учи на тимска работа, емпатија, фокус, концентрација и емоционална свесност.
Нашата мисија е едноставна:
✨ Да му помогнеме на секое дете да го открие својот талент.
✨ Да ја разбудиме радоста на создавањето.
✨ Да покажеме дека сцената е место каде секое дете може да блесне.
Работејќи со млади од различна возраст и со различен темперамент и афинитети, развивме сопствен пристап, кој спојува игра, актерство, филм и тимска работа.
Секое дете учи преку искуство – создава, истражува, греши и повторно се обидува.
Така расте – на сцената и надвор од неа.
Веруваме…
… дека секоја приказна заслужува да се раскаже и да биде слушната.
… дека секоја сцена може да го промени светот.
… дека секоја детска насмевка на сцената е нашата најголема награда.
👉 Учете од најдобрите.
Дозволете ни да го насочиме талентот на вашето дете – со љубов, знаење и искуство.
Создаваме реални проекти во сферата на филмот и телевизијата. Нашите дела ги прикажуваме не само интерно, туку пред широката македонска јавност.
Работиме според структурирана едукативна програма на менторска основа. Учениците учат сами да пишуваат, снимаат и монтираат филмови. При тоа ги запазуваме сите педагошки барања и дидактички принципи.
Нашата воспитна и образовна цел ја исполнуваме со јавно прикажување на работата во текот на годината, како и на завршна филмска премиера:
– Кино премиера на сите филмови создадени од деца на меѓународен филмски фестивал.
– Телевизиско и интернет емитување на сите реализирани проекти.
👉 Што и како работиме
Филмска и тв глума, филмско и тв сценарио, филмска и тв режија, креативно пишување, анимација, водители, радио драма, градење однос кон камера и јавен настап.
Учењето во Тинтири Минтири е првенствено практично – постојани снимања и теренска работа на сет што само по себе создава голема искуствена подлога кај децата.

Сите наши членови се директно вклучени во многу филмски, телевизиски и фестивалски проекти во текот на целата година, меѓу другото и на два меѓународни филмски фестивали: Анимакс Скопје Фест (http://animaxskopjefest.mk/) и Тинтири Минтири Филм Фест (http://tintirimintiri.mk/).
Групите со кои работиме се поделени во тесни возрасни категории. Бројот на членови во групите не надминува 15.
Часовите се одржуваат како блок часови еднаш во неделата во студио на Тинтири Минтири. Снимањата се организираат во посебни, дополнително одредени термини за што тековно се договараме.
👉 Како да се запишете
Сите заинтересирани нови членови треба да ја пополнат пријавата подолу или да испратат основни податоци на нашиот мејл kc.tintirimintiri@gmail.com (име и презиме, возраст, училиште, контакт на родител). Повеќе информации во правилникот подолу во текстот и на телефон 078 30 21 61.
ПРИЈАВА ЗА УПИС
Повеќе за нашата досегашна работа
2024 „И покрај сè“, краток игран филм
2025 „Закрпена надеж“, краток игран филм
– играна серија за деца Вистински приказни (20 продолженија) емитувана на Македонска телевизија јуни/август 2017 во која главните улоги ги толкуваат нашите членови
Снимен игран филм Паника на бродот (во јуни 2017)
– Снимен игран филм за деца Потрага по загубеното богатство.
– Други филмови снимени со нашите членови.
ПРАВИЛНИК
Пред да се пријавите ве молиме внимателно прочитајте го правилникот.
Доколку членот отсуствува од еден или повеќе часови, се плаќа целосно месечно членство. Во одредени однапред најавени случаи, болест или најавени отсуства, може да се направат отстапки во поглед на месечната сума за членство, во договор со одговорните лица од Тинтири Минтири.
Во случаи кога при снимања се ангажира дополнителна екипа за реализација на содржините (сценограф, шминка, костим, актери, сценаристи и сл.) се доплаќа дополнителна сума, за што родителите ќе бидат наврено известени.
Филмското училиште Тинтири Минтири го задржува правото да не запише одредени заинтересирани странки, задржувајќи го своето стручно дискреционо право на избор. пополнување и испраќање на пријавата родителите / старателите се согласуваат децата за кои е пополнета пријавата да учествуваат во сите проекти на филмското училиште Тинтири Минтири, како и на јавно прикажување на сите материјали производ од работата на училиштето.
Повеќе информации на телефон 078 30 21 61 и на нашата веб страна http://tintirimintiri.mk/


















English