Пред да се пријавите ве молиме внимателно прочитајте го правилникот.

Месечното членство во Тинтири Минтири изнесува 1.500 ден. и се плаќа секој месец најдоцна до 15-ти на уплатница на жиро сметка на училиштето. Овозможуваме 10% попуст за две или повеќе деца од исто семејство. Доколку членот отсуствува од еден или повеќе часови, се плаќа целосно месечно членство. Во одредени однапред најавени случаи, болест или најавени отсуства, може да се направат отстапки во поглед на месечната сума за членство, во договор со одговорните лица од Тинтири Минтири.

Во случаи кога при снимања се ангажира дополнителна екипа за реализација на содржините (сценограф, шминка, костим, актери, сценаристи и сл.) се доплаќа дополнителна сума, за што родителите ќе бидат навремено известени.

Филмското училиште Тинтири Минтири го задржува правото да не запише одредени заинтересирани странки, задржувајќи го своето стручно дискреционо право на избор.

Со пополнување и испраќање на пријавата родителите / старателите се согласуваат децата за кои е пополнета пријавата да учествуваат во сите проекти на филмското училиште Тинтири Минтири, како и на јавно прикажување на сите материјали производ од работата на училиштето.

ПРИЈАВА