Креативната работа се работи единствено со многу љубов и уживање

Идивиди имаше чест и задоволство да поразговара со Кузман Кузмановски, раководител на Тинтири Минтири. Тој ни ги откри плановите за новата учебна година, но и проектите кои заедно со учениците ги создава за во иднина.

Неодамна ги започнавте уписите за нови членови во Филмското училиште Тинтири Минтири и Аурипигмент продукција. Што сè нуди Тинтири Минтири за сите оние кои размислуваат да ги запишат своите деца  во училиштето и кои се критериумите кои децата треба да ги исполнувуваат?

-Уписите се во тек и веќе почнавме да ги формираме групите кои во оваа учебна година ќе ги создадат новите содржини на нашето училиште. За оние што не знаат, Тинтири Минтири е филмско училиште кое работи со деца од 6 до 18 години. Работиме содржини во сферата на аудио визуелната дејност, а акцентот е ставен на филмска и тв глума. Значи, сите деца кои имаат меѓу 6 и 18 години и имаат желба да научат како да станат филмски актери, сценаристи, режисери, сниматели, аниматори, како да изградат однос кон камера, како да се ослободат за јавен настап, можат да се запишат во нашето училиште. Тинтири Минтири воедно е и инкубатор на таленти, што значи дека ги насочуваме и мотивираме децата да работат на особини и дарби за кои можеби не се ни свесни дека ги поседуваат, ни тие ни нивните родители. Верификацијата на нивниот труд се случува на фестивалот Тинтири Минтири Филм Фест, кој секоја година се одржува во месец јуни во Кинотека на Република Македонија. Ова значи дека најдобрите сценарија кои ќе излезат во текот на школската година се гледаат на филмското платно. Сето ова е зачинето со добра дружба и многу смеење, бидејќи станува збор за креативна работа, а таа се работи единствено со многу љубов и уживање.

Каде ќе се одржуваат часовите за учесниците во Филмското училиште Тинтири Минтири и Аурипигмент продукција?

-Оваа година часовите ги држиме во просториите на Македонска телевизија, во телевизиско студио. На овој начин децата од близу имаат можност да се запознаат со ентериерот кој го користиме за снимање. Покрај стандардните часови, многу често се случува да работиме на терен. Не ретко содржините што ги работиме ги снимаме на други локации – во природа, на улица кога е потребна урбана атмосфера, во училиште и сл.

Кои се придобивките за едно дете по посетувањето на филмското училиште, покрај социјалната интеракција со деца на слична возраст и можноста да научат нова потенцијална струка и техники кои ќе им користат во понатамошниот тек од животот и кариерата?

– Се сомневам дека сите наши членови кога ќе пораснат ќе станат филмски работници. Но, уверен сум дека секој од нив поединечно има огромни продобивки од членувањето во Тинтири Минтири. Една од најважните придобивки секако е стимулација на креативно размислување, нешто што во понатамошниот тек на животот ќе послужи за брзо надминување на непредвидените ситуации и пречки. Секако придобивка е и стекнување на самодоверба и градење на сигурен настап во јавност, нешто што е неопходно да го поседува секој во денешно време, без разлика за која професија ќе се одлучи во животот. Друга важна придобивка за нашите членови е можноста да работат тимски и во група. Филмот е тимска уметност и за да можат да направат добар филм, едноставно децата мораат да соработуваат. На часовите по актерство тимската работа е во центарот на вниманието. И најсамоуверените, кои преферираат сами да ја завршат работата, и оние кои имаат чувство дека не се вклопуваат во групата, се ставени во ситуација да мораат да соработуват со други за да имаат успешен настап. Нашите членови постојано ги ставаме во голем број ситуации со кои немаат можност да се соочуваат секојдневно. Ова е вредно искуство кое ќе им помогне да се снајдат секогаш кога ќе се најдат во нова животна состојба.

Инаку тимот кој работи со децата има за задача да применува современи дидактички методи и педагошки принципи. Веруваме дека кога станува збор за деца, неопходна е строга педагошка контрола на целата програма и затоа инсистираме на ваков курикулум.

Во моментов членовите на училиштето Тинтири Минтири ја снимаат играната серија за деца „Вистински приказни“ која наскоро ќе започне да се емитува на Македонската телевизија. Кажете ни повеќе за тој проект…

– Идејата за овој проект се роди многу спонтано. Одговорните од Македонската телевизија имаа слух за нашиот обид да направиме исчекор во македонската телевизиска продукција за деца и да снимиме серија за деца во која главните улоги ќе ги имаат децата. Станува збор за авантуристичка серија во 20 продолженија. Ова лето успеавме да снимиме поголем дел од епизодите од првата сезона. Наша приоритетна задача во серијата „Вистински приказни“ е децата кои учествуваат како актери да делуваат природно и неусилено пред камера. Интересно е што многу често се случува да правиме измени во сценариото на лице место, за време на снимањето, само заради тоа што децата кои глумат во одредена сцена добиле инспирација и додале / одзеле нешто од текстот, со свои зборови. Иако не е според првобитниот договор, изгледаат уверливо кога зборуваат и гледачите ќе им веруваат. Се надеваме дека наскоро ќе можат да се видат првите епизоди од серијата на Македонската телевизија.

Децата кои ќе станат дел од Тинтири Минтири ќе добијат можност да ги покажат своите таленти и во останатите струки на филмската уметност. Пишување на сценарио, режија, креативно пишување, однос со камерата, водителство, анимација…Од досегашното искуство, кои области се најбарани од децата кога ќе ви пристапат за упис во Тинтири Минтири?

– Повеќето од децата кои се запишуваат во Тинтири Минтири сакаат да станат актери. Честопати тие и не се свесни дека поседуваат и талент за пишување, на пример. Кога ќе навлезат во содржините кои ги работиме и кога ќе имаат можност да остварат контакт со професионалци од други филмски сфери (филмска и тв шминка и фризура, аниматори, драматурзи), децата пројавуваат интерес и за пишување сценарио, некои од нив за режија и за анимација. Затоа Тинтири Минтири освен што работи како класично филмско училиште, работи и како инкубатор на деца таленти во аудио визуелната сфера. Инаку од годинава филмското училиште Тинтири Минтири е поддржано и од Агенција за филм на Република Македонија.

Што треба еден иден актер да знае за самата професија? Тоа секако не е „обична“ професија со работно време од 9 до 5. Кои си придобивките и мааните кај глумата како идна професија?

-Во професионалните кругови се говори дека режисерите треба да знаат од секоја област по нешто, додека актерите за да бидат на врвот треба да знаат се’ за се… Во Тинтири Минтири се обидуваме да ги насочиме децата кон правилна мотивација. Тоа подразбира дека за да добијат статус на добар актер или уште повеќе – актер ѕвезда, тие треба напорно да работат. Значи, талентот не е доволна предиспозиција. Исто така се обидуваме да објасниме дека не постои правило според кое ако актерот е искусен и добар, мора да добие главна улога. Секоја улога и секое место во едно филмско дело е еднакво значаен сегмент за да може филмот да функционира како целина. .

Од Холивуд често дознаваме за лошиот третман на децата актери и за нивната транзиција кон повозрасни улоги. Таа не секогаш е „глатка“, па голем дел од нив потоа се борат со пороците и негативниот публицитет. Дали во Филмското училиште Тинтири Минтири децата ќе имаат советување од психолози, а не само од професорите по зададените часови?

– Тимот на Тинтири Минтири освен режисери и актери вбројува и педагог и социлог, што можеби е од клучно значење за нашата дејност. Девијантните појави кај деца актери, па дури и кај возрасни актери најчесто се јавуваат од немањето капацитет да се справат / носат со славата што е составен дел / придобивка на оваа професија. Никогаш ниту еден актер или уметник не смее да заборави дека претставува само инструмент преку кој говори Трансцедентот. Уметниците можат да го впијат онолку колку што тој ќе им се даде. На децата секогаш треба да им биде пред очи приказната за Рибарот и рипката. Старецот се доби од златната рипка, но се изгуби во моментот кога стана крајно неблагодарен.

Кои се соработниците на Тинтири Минтири кои ќе придонесат во едукацијата на идните членови? На официјалниот сајт ги видов имињата на Тони Михајловски, Ванчо Петрушевски и Катерина Илиевска…

-Тинтири Минтири соработува со голем број актери и филмаџии од македонската уметничка сцена. Неблагодарно е да ги набројам сите, зошто сигурно ќе заборавам некого. Но, едно можам да кажам – нашите членови уживаат на средбите со сите наши соработници, стекнуваат искуство од професионалци кои поседуваат големо знаење во својата професија.

Целиот текст прочитајте го на Идивиди.

Креативен центар „Тинтири-минтири“: На де­ца­та им ја пре­не­су­ва­ме љу­бо­вта кон фил­мот и филм­ска­та умет­ност

Се­кој од нас ужи­ва во ра­бо­та­та, најм­но­гу по­ра­ди тоа што на се­кој час е еви­ден­тен на­пре­до­кот и љу­бо­вта што де­ца­та ја раз­ви­ва­ат кон фил­мот и филм­ска­та умет­ност. Toa што ни ја но­си нај­го­ле­ма­та ра­дост е де­ка сме ус­пе­а­ле да им ја пре­не­се­ме љу­бо­вта кон фил­мот и де­ка, мо­же­би, еден ден тие ќе ста­нат ма­ке­дон­ски фил­ма­џии – ре­жи­се­ри, акте­ри, сце­на­ри­сти, сни­ма­те­ли, ко­сти­мо­гра­фи или шмин­ке­ри, ве­ли пр­ви­от чо­век на кре­а­тив­ни­от цен­тар

Kре­а­тив­ни­от цен­тар „Тин­ти­ри–мин­ти­ри“ по­стои ве­ќе 13 го­ди­ни. Цен­та­рот поч­нал ка­ко па­ту­вач­ки кук­лен те­а­тар за де­ца, за по­тоа да се раз­вие во игро­те­ка ка­де што се одр­жу­ва­ле кре­а­тив­ни ча­со­ви за де­ца и кре­а­тив­ни ро­ден­де­ни. Де­ца­та што по­ра­но беа дел од „Тин­ти­ри-мин­ти­ри“ учес­тву­ваа во по­пу­лар­ни­те игра­ни се­рии „Па­ту­ва­ња со ра­бро­бил“ (2004) и „Па­ту­ва­ња со ра­бро­о­бус“ (2006), во ТВ-мо­за­и­кот „Тин­ти­ри-мин­ти­ри шоу“, те­а­тар­ска­та прет­ста­ва „Хе­ро­јот Ко­ки“ и во мно­гу дру­ги про­е­кти. Де­нес „Тин­ти­ри-мин­ти­ри“ е учи­ли­ште за филм. Куз­ман Куз­ма­нов­ски, ма­ги­стер по филм­ска и те­ле­ви­зи­ска ре­жи­ја на Фа­кул­те­тот за драм­ска умет­ност е ос­но­вач на кре­а­тив­ни­от цен­тар „Тин­ти­ри-мин­ти­ри“. Цен­та­рот ја под­го­тву­ва игра­но-ани­ми­ра­на­та се­ри­ја за де­ца „Ви­стин­ски при­каз­ни“. Се­ри­ја­та се ра­бо­ти во ко­про­дук­ци­ја во Ма­ке­дон­ска те­ле­ви­зи­ја. Ста­ну­ва збор за со­др­жи­на што ги про­мо­ви­ра тра­ди­ци­о­нал­ни­те вред­но­сти: се­мејс­тво­то, дру­же­ње­то, по­ма­га­ње­то и за­ед­ниш­тво­то, не­што што со го­ди­ни не­до­сти­га во ма­ке­дон­ски­от етер.

На ко­ја во­зраст тре­ба да би­дат де­ца­та што мо­жат да се при­ја­ват и да учес­тву­ва­ат во си­те актив­но­сти што ги ну­ди Цен­та­рот?

КУЗМАНОВСКИ: Во не­го мо­жат да чле­ну­ва­ат де­ца на во­зраст од 6 до 14 го­ди­ни, а ра­бо­та­та е ор­га­ни­зи­ра­на во гру­пи спо­ред во­зра­ста и ин­те­ре­си­те. Гру­пи­те се со­чи­не­ти од 10 до 15 де­ца, број до­во­лен за да се про­из­ве­де ед­но ау­дио-ви­зу­ел­но де­ло. Со по­ма­ли­те гру­пи ра­бо­ти­ме актер­ски веж­би, веж­би за ос­ло­бо­ду­ва­ње, ме­мо­ри­ја, кон­цен­тра­ци­ја, кре­а­тив­но пи­шу­ва­ње и слич­но. За по­го­ле­ми­те гру­пи и пре­диз­ви­кот е по­го­лем. Ако по­ма­ли­те учес­тву­ва­ат ка­ко акте­ри во го­то­во ау­дио -ви­зу­ел­но де­ло, по­во­зрас­ни­те де­ца има­ат за за­да­ча да на­пи­шат сце­на­рио, да ги раз­ра­бо­тат ли­ко­ви­те во не­го и по­тоа ко­ри­стеј­ќи го здо­би­е­но­то зна­е­ње за пла­но­ви, ком­по­зи­ци­ја на ка­дар т.е. филм­ски ја­зик и слич­но да го сни­ма­ат сво­јот филм. Се раз­би­ра, тие и ќе глу­мат во фил­мот. Сле­деј­ќи го ин­те­ре­сот и на сред­но­школ­ска­та по­пу­ла­ци­ја ин­тен­зив­но ра­бо­ти­ме на „нив­на­та“ про­гра­ма во КЦ „Тин­ти­ри – мин­ти­ри“ и ако се би­де во ред ќе ја поч­не­ме од сеп­тем­ври.

„Тин­ти­ри-мин­ти­ри“ не е са­мо учи­ли­ште за акте­ри, ту­ку во овој Цен­тар де­ца­та мо­же да ги отво­рат сво­и­те ви­ди­ци и да се за­поз­на­ат со мно­гу дру­ги про­фе­сии со кои би мо­же­ле да се за­ни­ма­ва­ат во ид­ни­на. За што најм­но­гу се ин­те­ре­си­ра­ат Ва­ши­те чле­но­ви?

КУЗМАНОВСКИ: На­ша­та ос­нов­на цел е кај чле­но­ви да ги де­те­кти­ра­ме, раз­ви­е­ме и на­со­чи­ме нив­ни­те кре­а­тив­ни по­тен­ци­ја­ли пре­ку ра­бо­та на филм. За таа на­ме­ра ча­со­ви­те се ор­га­ни­зи­ра­ни во фор­ма на филм­ски ра­бо­тил­ни­ци на кои чле­но­ви­те учат ка­ко се соз­да­ва ед­но ау­дио-ви­зу­ел­но де­ло од по­че­ток до крај. Освен тоа, ка­ко по­се­бен сег­мент што бу­ди ин­те­рес кај по­го­ле­ми­от дел од чле­но­ви­те е и ани­ма­ци­ја­та и тоа осо­бе­но стоп-ани­ма­ци­ја­та, ко­ја се из­ве­ду­ва со трик-сни­ма­ње. По­крај пра­ктич­на­та ра­бо­та што до­ми­ни­ра на се­кој час, дел од актив­но­сти­те се те­о­рет­ска на­ста­ва, се раз­би­ра ин­те­ра­ктив­на и пре­ку фо­то и ви­де­о­ма­те­ри­ја­ли. За­чу­ду­вач­ки е ин­те­ре­сот што де­ца­та го про­ја­ву­ва­ат и за овие те­о­рет­ски де­ло­ви, за кои оче­ку­вав­ме де­ка не­ма да прив­ле­чат тол­ка­во вни­ма­ние. Се­пак, нај­по­пу­лар­ни ме­ѓу на­ши­те чле­но­ви се актив­но­сти­те ди­рект­но по­вр­за­ни со глу­ме­ње и од­нос кон ка­ме­ра. Кре­а­тив­но­то пи­шу­ва­ње, исто та­ка, е сфе­ра во ко­ја се истак­ну­ва­ат мно­гу по­е­дин­ци. Иде­ја­та ни е да ги за­поз­на­е­ме де­ца­та со се­кој ас­пект од ра­бо­та­та во филм­ска­та и те­ле­ви­зи­ска умет­ност. Мно­гу де­ца што, во прин­цип, не са­каа да пи­шу­ва­ат, по ча­со­ви­те за кре­а­тив­но пи­шу­ва­ње поч­наа да про­ја­ву­ва­ат ин­те­рес и за оваа ра­бо­та. Во си­те актив­но­сти вни­ма­ва­ме да го за­вар­ди­ме пе­да­го­шки­от при­стап, за­тоа што во ра­бо­та­та со де­ца тоа има при­о­ри­тет. На­ши­от зак­лу­чок од до­се­гаш­но­то искус­тво по­ра­ди го­ле­ми­от ин­те­рес и го­ле­ми­от број чле­но­ви е де­ка де­ца­та се жел­ни за зна­е­ње и за уче­ње за фил­мот и филм­ска­та умет­ност, са­ка­ат да соз­да­ва­ат и зна­ат да на­пра­ват од­лич­ни ра­бо­ти до­кол­ку би­дат пра­вил­но на­со­че­ни.

Во ју­ни тре­ба да се одр­жи ме­ѓу­на­ро­ден филм­ски фе­сти­вал за де­ца во Ки­но­те­ка на Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ква е аген­да­та, што ќе има на Фе­сти­ва­лот?

КУЗМАНОВСКИ: Ма­ке­дон­ски­от ин­тер­на­ци­о­на­лен филм­ски фе­сти­вал за де­ца „Тин­ти­ри-мин­ти­ри филм фест“ про­из­ле­зе од по­тре­ба­та де­ца­та што се чле­но­ви на цен­та­рот да се прет­ста­ват со сво­и­те филм­ски де­ла и нив­ни­от труд да се ве­ри­фи­ку­ва ка­ко еден пе­да­го­шки че­кор во це­ли­от про­цес. На­ша­та по­зи­тив­на на­ме­ра ја пре­поз­на Ки­но­те­ка­та на Ма­ке­до­ни­ја и ни по­ну­ди не­се­бич­на парт­нер­ска со­ра­бо­тка. По­ра­ди искус­тво­то што на­ши­от тим ве­ќе пет го­ди­ни го гра­ди со ор­га­ни­зи­ра­ње на ме­ѓу­на­род­ни­от фе­сти­вал за ани­ми­ран филм „Ани­макс Скоп­је фест“, ре­шив­ме и на овој нов фе­сти­вал за де­ца да му до­да­де­ме ме­ѓу­на­ро­ден ка­ра­ктер. Про­гра­ма­та ќе би­де по­де­ле­на во два де­ла – фил­мо­ви на­пра­ве­ни од де­ца (дет­ски фил­мо­ви) и фил­мо­ви на­пра­ве­ни за де­ца – ин­тер­на­ци­о­нал­на про­гра­ма со нат­пре­ва­ру­вач­ки ка­ра­ктер, ка­де што по­се­ти­те­ли­те – де­ца ќе мо­жат да гла­са­ат за нај­до­бри­от филм. При крај е при­ја­ву­ва­ње­то на об­ја­ве­ни­от по­вик, на кој се при­ја­ву­ва­ат фил­мо­ви, бу­квал­но, од цел свет. Фе­сти­ва­лот ќе се одр­жи на 5, 6 и на 7 ју­ни во Ки­но­те­ка на Ма­ке­до­ни­ја. Освен про­ек­ци­и­те на фил­мо­ви, ќе би­дат ор­га­ни­зи­ра­ни и не­кол­ку филм­ски ра­бо­тил­ни­ци за де­ца.

Ја под­го­тву­ва­те и игра­но-ани­ми­ра­на­та се­ри­ја за де­ца „Ви­стин­ски при­каз­ни“. Ка­де ќе се еми­ту­ва се­ри­ја­та и до ка­де е сни­ма­ње­то?

КУЗМАНОВСКИ: Игра­но-ани­ми­ра­на­та се­ри­ја за де­ца „Ви­стин­ски при­каз­ни“ е де­ло на кое мно­гу дол­го вре­ме зре­е­ше во ме­не. Се­ри­ја­та ја ра­бо­ти­ме во ко­про­дук­ци­ја со Ма­ке­дон­ска­та те­ле­ви­зи­ја. Ста­ну­ва збор за со­др­жи­на што ги про­мо­ви­ра тра­ди­ци­о­нал­ни­те вред­но­сти: се­мејс­тво­то, дру­же­ње­то, по­ма­га­ње­то и за­ед­ниш­тво­то, не­што што со го­ди­ни не­до­сти­га во ма­ке­дон­ски­от етер. Ве­ќе на­пра­вив­ме ау­ди­ци­ја за де­ца-акте­ри и уште пред из­вес­но вре­ме ги об­ја­вив­ме ре­зул­та­ти­те. Се при­ја­ви­ја по­ве­ќе од 250 учес­ни­ци, а мнош­тво­то од нив беа иск­лу­чи­тел­но та­лен­ти­ра­ни. За­тоа ни бе­ше мно­гу те­шко да до­не­се­ме од­лу­ка кој ќе би­де вклу­чен во се­ри­ја­та. По­ра­ди го­ле­ми­от ин­те­рес и по­тре­ба­та да вклу­чи­ме што по­го­лем број де­ца вр­шам до­пол­ни­тел­ни из­ме­ни во сце­на­ри­ја­та.

Во „Тин­ти­ри-мин­ти­ри“ има­те и со­ра­бот­ни­ци, поз­на­ти акте­ри, тек­сто­пис­ци. Ка­же­те ни не­што по­ве­ќе за тоа…

КУЗМАНОВСКИ: Со­ра­бо­ту­ва­ме со врв­ни­те умет­ни­ци­те од ау­дио-ви­зу­ел­на­та об­ласт: акте­рот То­ни Ми­хај­лов­ски, тек­сто­пи­се­цот и дра­ма­тург Ог­нен Не­дел­ков­ски, актер­ка­та Ке­ти Или­ев­ска и мно­гу дру­ги. Тие ја по­чув­ству­ваа на­ша­та искре­на на­ме­ра да ѝ се „под­мет­не­ме“ на најм­ла­да­та по­пу­ла­ци­ја и да ѝ по­ну­ди­ме не­што што до­се­га го не­ма­ло во Ма­ке­до­ни­ја и за­тоа  за нив­на­та под­др­шка ние сме им, на­ви­сти­на, мно­гу бла­го­дар­ни. Де­ца­та ужи­ва­ат да учат од до­ка­жа­ни и ус­пеш­ни умет­ни­ци за­тоа што нив­но­то искус­тво е са­мо по се­бе све­дош­тво, сво­е­ви­ден ре­цепт за тоа ка­ко се сти­га до цел­та – да го ра­бо­тиш тоа што го са­каш, но и да го са­каш тоа што го ра­бо­тиш.

Ка­кво е Ва­ше­то искус­тво од ра­бо­та­та со де­ца­та? Ка­де се еми­ту­ва­ат нив­ни­те сни­ме­ни ма­те­ри­ја­ли?

КУЗМАНОВСКИ: По­ра­ди при­ро­да­та на ра­бо­та­та на ча­со­ви­те по­сто­ја­но се ко­ри­сти ау­дио-ви­зу­ел­на опре­ма – ка­ме­ри, фо­то­а­па­ра­ти, сту­ди­ски свет­ла, про­е­кто­ри, мон­таж­ни сто­ло­ви и сл. На тој на­чин тоа им ста­ну­ва при­род­на ат­мо­сфе­ра на де­ца­та и та­ка се гра­ди „од­но­сот кон ка­ме­ра“, се гу­би тре­ма­та и де­ца­та поч­ну­ва­ат сло­бод­но да се изра­зу­ва­ат иа­ко це­ло­то вни­ма­ние на сни­ма­ње­то е впе­ре­но во нив. Ма­те­ри­ја­ли­те што ги сни­ма­ме те­ков­но, од веж­би­те, по­сто­ја­но ги об­ја­ву­ва­ме на на­ши­от ка­нал на „Јут­јуб“, на стра­ни­ца­та на „Фејс­бук“ и на про­фи­лот и на веб-стра­ни­ца­та на цен­та­рот. Освен тоа, ќе ја поч­не­ме со­ра­бо­тка­та со две мно­гу по­пу­лар­ни ма­ке­дон­ски веб-стра­ни­ци на кои ќе се пре­зен­ти­ра ра­бо­та­та на де­ца­та, а и ние се еки­пи­ра­ме и под­го­тву­ва­ме спе­ци­ја­ли­зи­ран ТВ-ка­нал за де­ца на ин­тер­нет. Ос­нов­ни­от тим ни е со­ста­вен од че­ти­ри чле­на, кои се по­стој­но со де­ца­та – ре­жи­сер, пе­да­гог, со­ци­о­лог, ко­ор­ди­на­тор и сни­ма­тел. Се­кој од нас ужи­ва во ра­бо­та­та, најм­но­гу по­ра­ди тоа што на се­кој час е еви­ден­тен на­пре­до­кот и љу­бо­вта што де­ца­та ја раз­ви­ва­ат кон фил­мот и филм­ска­та умет­ност. Тоа што ни ја но­си нај­го­ле­ма­та ра­дост е де­ка сме ус­пе­а­ле да им ја пре­не­се­ме љу­бо­вта кон фил­мот и де­ка, мо­же­би, еден ден тие ќе ста­нат ма­ке­дон­ски фил­ма­џии – ре­жи­се­ри, акте­ри, сце­на­ри­сти, сни­ма­те­ли, ко­сти­мо­гра­фи или шмин­ке­ри.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Извор: Република


 

Новитет во Македонија: Деца сами снимаат филмови за деца (ФОТО)

1

Фотографијата е во сопственост на Телеграф.мк

Тишина, камера, акција… беа зборовите што ги изговори детски глас во скопската населба Аеродром, каде што налетавме на снимање на една филмска сцена. Зад камерата, микрофонот, осветлувањето, на режисерската позиција, како и пред камерата беа деца. Работеа на својот нов филм “Сè се враќа, сè се плаќа”.

Целиот текст прочитајте го на Телеграф.мк.