Драматизациите се преработки или оригинални книжевни дела адаптирани за изведба на сцена. Станува збор за актерски четива наменети за најмалите деца на возраст до 9 години.

00004.00_00_30_00.Still004

Во рамки на програмата која ја спроведуваме со групите од 5 до 9 години, тимот на Тинтири Минтири веќе неколку години работи на драматизации како верификација на целокупниот едукативен процес.

Еве неколку придобивки кај децата кои со досегашната работа на ова поле ги увидовме.

  1. Градење на самодоверба

Дури и најсрамежливите деца успеваат да си ја подигнат самодовербата за само неколку недели активна работа на драматизации кои се прилагодени на нивно ниво и кои ги задоволуваат едукативно педагошките стандарди. За зачудувачки краток рок тие комплетно се вклучуваат во целиот актерски процес.

2. Зајакнување на концентрацијата и меморијата

Додека трае вежбата децата се во ситуација да ги слушаат идеите и мислите на сите вклучени во процесот, како и тие активно да учествуваат. На овој начин тие ја осознаваат вредноста на концентрацијата, вештина што е од голема важност во светот што ги опкружува. Секако со учење на текстот се вежба и зајакнува и меморијата кај детето.

00004.00_00_36_10.Still006

3. Зајакнување на комуникациски вештини и вокабулар

Учење на нови игри, нови зборови и изрази, учество во контролирани драмски игри – сето тоа придонесува за развој на вокабуларот. Децата се во ситуација да мораат да се изразуваат вербално и со фацијална експресија, како и со активно користење на говор на тело, што исто така е клучна животна вештина.

4. Соработка

Сите активности во Тинтири Минтири, почнувајќи од драмските игри, преку импровизација, па се до учење на текст, бараат соработка. Децата брзо учат дека за да успеат што подобро во овие активности, соработката е клучен фактор.

00004.00_00_56_00.Still008

5. Разбирање на светот и околината

Со оглед на фактот што на часовите истражуваме палета на различни теми и децата се запознаваат со различни реални и имагинарни ситуации секоја недела во континуитет, сето тоа влијае и самите тие да станат поинтересни и побогати индивидуи.

6. Емоционална интелигенција

Децата се охрабруваат да изразуваат широк дијапазон на емоции, а со тоа  учат подобро да ги разберат сопствените емоции и да развијат емпатија за другите.

FOTO

6. Креативност

Креативните луѓе знаат да ги гледаат вообичаените работи на поинаков начин и од различни перспективи, знаат да размислуваат самостојно и да создаваат нови идеи – а ова е витална животна вештина. Со актуелизирање на импровизацијата и замислената игра, преку решавање на проблемите преку играње на улога детето учи креативно да одговара на предизвиците на овој свет.

7. Пријателство

На актерските часови и работата на драматизации се создаваат силни пријателства меѓу децата. Тие заедно се смеат, учат, работат и растат недела по недела.

Повеќе за уписите во Тинтири Минтири видете тука.

Погледнете дел од досега реализираните драматизации на нашето училиште.