Мислејќи дека другарката ги изневерила, група деца подготвуваат стапица за неа за да и се одмаздат. Но, на крајот одмаздата им се враќа на тие што ја смислиле. Филмот е работен како завршен филмски проект во учебната 2018/19 година според идеја и сценарио на деца членови на филмското училиште Тинтири Минтири.