boy-with-microphone-red-background-studio

1. Ако не си го знаете текстот

Верувале или не, ова е најголемиот проблем на актерите што настапуваат со монолог. Секогаш може да се забележи кога некој се обидува да се присети на текстот. И тогаш не е комплетно сконцентриран на глумењето, и колку и да се обидува да прикрие, искусно око ќе забележи.

Совет: бидете како Ентони Хопкинс, кој 200 пати си ги повторува репликите пред секое снимање . Вие сигурно не треба да се држите за бројот 200, но бидете сигурни дека добро вледеете со текстот.

2. Ако немате осмислено сценски движења

Доколку немате испланирано како ќе се дрижите на сцената за време на изведбата и какви движења ќе правите со рацете и нозете, може да си направите сериозен проблем. Најдобро е да не се предавате на случајност и моментална инспирација, затоа што стресот пред настап може да ви направи блокада.

Совет: осмислете ги сите движења во согласност со текстот со кој настапувате.

3. Гледање надолу

Освен ако тоа монологот не го бара од вас, гледање во подот за време на изведбата е непривлачно и изгледа како да сте си го заборавиле текстот. Гледањето во подот ја намалува енергијата со која настапувате и личи дека сте несигурни.

Совет: на почетокот гледајте надолу (но не со спуштена глава) не повеќе од 3-4 секунди, а потоа дозволете комисијата да ви ги види очите. Така комплетно ќе ги вклучите во вашата изведба.

4. Ако не си го сакате монологот

Никој не сака да гледа актер кој не  е вљубен во својата улога. Како може некому да му се допадне нешто што вие го правите, а вам не ви се допаѓа?

Совет: потрудете се на  создадете / најдете материјал што ви се допаѓа и што ве привлекува.

5. Глумење со несоодветен глас и мумлање

Овие работи делуваат аматерски затоа што несоодветен глас води кон заклучокот дека ликот кој го играте не сте го доживеале на вистински начин.

Совет: поработете на говорот и на гласот

6. Глумење емоции и преглумување

Секое преглумување, пренагласување на одредени емоции делува антипатично и несоодветно во изведбата на монологот.

Совет: Изведбата на монологот треба да биде што поприродна

7. Тикови

Тикови се ненадејни движења со одредени делови од телото или повторувачки вокални симптоми. Обично се јавуваат кога постои емоционален стрес. Тоа може да биде трепкање, тапкање со рака, тапкање со нога, префрлање тежина од една на друга нога. Тиковите и пречат на публиката да се внесе во изведбата.

Совет: кога го подготвувате монологот снимајте ја изведбата. Потоа гледајте го материјалот со исклучен тон и анализирајте ги сите ваши движења. Доколку забележите тикови, поработете да ги елиминирате.

Повеќе за натпреварот во монолог видете тука.