1. Носете удобна облека.

Експериментирајте малку со облеката и знајте дека таа зборува за вашата личност. Одберете облека која ве прикажува во вистинско светло и во која се чувствувате „свои“.

2. Седете исправено

Камерата открива се, бидејќи вниманието на  гледачот со ништо не се одзема. Ако вашиот став е „згужван“, многу веројатно е гледачите да изгубат интерес за она што го зборувате.

3. Внимавајте на говорот на телото – гледачите ќе забележат

Гледајте со рацете да не правите несвесни движења, најдобро е мируваат покај вас.

4. Смејте се со очите

Една топла и искрена насмевка може да направи чудо – веднаш публиката ќе ве доживее како искрена и доверлива личност. Но очите откриваат дали насмевката е искрена или извежбана.

5. Зборувајте со природен глас

Гласот е подеднакво важен како и изгледот. Ако се обраќате кон камерата, зборувајте како да сте и најдобар пријател.