РАСКАЖИ СВОЈА ПРИКАЗНА (4)

На 9 октомври (петок) во 18.00 часот во просториите на Тинтири Минтири ќе се одржи работилница за деца „Раскажи своја приказна“. Работилницата ќе биде под менторство на режисерот и писател Кузман Кузмановски, а е наменета за деца од 6 до 10 години.

РАСКАЖИ СВОЈА ПРИКАЗНА (1)

На интерактивната работилница ќе се обидеме да одговориме на прашањата: како да смислиме интересна приказна, како да ја раскажеме приказната за да им биде интересна на слушателите, како до идеја за интересна приказна и многу други. Воедно децата ќе научат неколку техники на смислување и раскажување.

Влезот е слободен за сите заинтересирани, а пријавувањето се врши на овој ЛИНК. Бројот на учесници е ограничен и затоа пријавувањето е задолжително. Протоколот според кој ќе се одржи настанот ќе им биде испратен на сите заинтересирани.

Настанот ќе биде сниман и материјалите јавно ќе бидат прикажувани. Работилницата е во организација на филмското училиште Тинтири Минтири, а е со поддршка од Град Скопје.