РАБОТИЛНИЦА ЗА ТЕХНИКИ НА ДИШЕЊЕ (1)

Актерска работилница за деца наменета за техники на дишење ќе се одржи на 25 септември (петок) во 10.00 часот во Градскиот Парк. Ментор на работилницата е познатиот македонски актер Дејан Лилиќ, а е во организација на филмското училиште Тинтири Минтири и Аурипигмент продукција.

NAK_9010-copy-300x220

disi2

Контролата на дишењето влијае на силата, брзината и опсегот на говорот и пеењето. Со применување на практични вежби за контрола на дишење може во голема мера да се подобри способноста за говор и пеење. Освен тоа, со овие техники не само што се смирува и се релаксира организмот, се намалува тремата и се зголемува концентрацијата,туку и се подобрува капацитетот на белите дробови, што на младите актери и пејачи многу ќе им помогне во понатамошниот развој на говорните и пејачки вештини.

Место на одржување: Градски Парк, веднаш до влезот на стариот Луна Парк
Време: петок (25 септември) во 10.00 часот наутро

Работилницата е наменета за деца од 6 до 18 години кои сакаат да глумат и да пејат. Заинтересираните треба да дојдат комотно облечени, а можат да си носат подлога за седење. Работилницата ќе се одржи веднаш до влезот на стариот Луна Парк. Учеството е бесплатно. На настанот ќе се почитуваат сите мерки за социјална дистанца.

Дојдете и научете нешто ново и корисно! Учете од најдобрите!

Работилницата е во организација на филмското училиште Тинтири Минтири и Аурипигмент продукција, со поддршка од Град Скопје.

Screenshot_16

disi

4617AD6F-2675-4AF5-8F2B-C434FE0880D5_w1200_r1_s

maxresdefault