Актерска работилница со Стефан Вујисиќ-2

Актерска работилница за креирање ликови под менторство македонскиот актер Стефан Вујисиќ наменета за деца на возраст од 13 до 18 години ќе се одржи на 25 септември во 11.00 часот (сабота) во с. Горно Соње, општина Сопиште.

стефан1

Развивањето на ликови е комплексен процес кој честопати бара истражување, читање, размислување и може да трае долго време. Постојат техники кои актерите ги применуваат за да можат да го изградат својот лик.

Актерот Стефан Вујисиќ роден 1992, завршил средно уметничко Лазар Личеноски. Дипломира актерска игра на Факултет за Драмски Уметности во Скопје.  Има одиграно многубројни значителни улоги во театар и во филм како улогата на Дарко во филмот Господ постои името и е Петрунија; Театарскиот перформанс “Црнила Ремикс” и др. Има освоено две награди за Најдобар Млад Актер во 2012та и 2017та година. Вработен е во Драмски Театар.

Orestija

Пријавувањето е во тек (ПРИЈАВА), а бројот на присутни е ограничен. На пријавените ќе им биде испратен линк до локацијата.

Повеќе информации на тел. 078 30 21 61.

Работилницата е во организација на Аурипигмент продукција и филмското училиште Тинтири Минтири, а е поддржана од Град Скопје.