Актери се членовите на филмското школо Тинтири Минтири.
Трејлер: Потрага по загубеното богатство
Група деца се обидуваат да преживеат во природа. Но, опасноста демне. Дали богатството ќе биде клетва или благослов?
Конкурс за најдобро филмско сценарио изработено од деца на возраст од 6 до 14 години
Предност при оценувањето ќе имаат сценарија со поучна и со комична содржина.
Богатството е најдено, криминалците уапсени
Во периодот од 26 јуни до 3 јули 2015, на падините на планината Китка и на неколку други локации се снимаше македонската филмска авантура за деца под името „Потрага по загубеното богатство“.
Летен филмски камп „Потрага по загубеното богатство” од 26 јуни до 1 јули
Примарна цел на овој камп е децата да доживеат едно несекојдневно искуство поврзано со филмот, каде ќе учествуваат во снимање на првата македонска авантура во дивина.
Разиграно со Мими и Роберт Ристови
Поука на денот: треба да научиме да се слушаме едни со други, особено кога работиме тимска работа како што е филм и театар.
Дружба со актерот Илија Илиоски во Тинтири – Минтири
Не постојат големи и мали улоги, туку само големи и мали актери!
Ванчо Петрушевски и Владо Дојчиновски во Тинтири – Минтири
Ние си учиме од најдобрите!!!
Актерот Ненад Нацев во Тинтири – Минтири
Реконструкција на акциони сцени (или како се снима тепачка), жонглерски вежби за фокусирање и концентрација, актерски финти и трикови… и уште многу друго со нашиот гостин, македонскиот Стивен Сегал, актерот Ненад Нацев.
Францускиот филм „Човекот од островот Сендвич“ со најмногу гласови на Тинтири Минтири Филм Фест
Францускиот филм „Човекот од островот Сендвич“ (26’) од авторот Левон Минасиан освои најмногу гласови од детската публика на првото издание на меѓународниот детски филмски фестивал Тинтири Минтири Филм Фест, кој под мотото Филмови на големото срце се одржа од 5 до 7 јуни во Кинотека на Македонија.