Филмски вежби за дијалог
Погледнете ги филмските вежби за дијалог снимени со нашите членови.
Погледнете ги филмските вежби за дијалог снимени со нашите членови.
Во рамки на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ се одржа мастер клас на членовите на КЦ Тинтири Минтири со босанскиот аниматор Берин Тузлиќ, кој е добитник на над 20 награди за своите анимирани филмови.
Од работилницата за песочна анимација за деца на Анимакс. Филм создаден за 6 часа работа.
Ве информираме дека на 08.11.2015 (недела) од 14.00 до 16.00 часот во Кинотека на Македонија (кај Лептокарија) ќе се одржи заеднички час на сите групи од филмското училиште Тинтири Минтири, во рамки на фестивалот Анимакс Скопје Фест. Часовите во редовните термини во сабота, недела и вторник нема да се одржат.
Во рамки на овогодинешното петто издание на меѓународниот фестивал за анимирани филмови Анимакс Скопје Фест ќе бидат прикажани анимирани филмови за деца и ќе се организираат две работилници за анимација за деца, на кои можете да се пријавите.
Членовите на филмското училиште „Тинтири Минтири“ снимија кратка најава за детската програма на меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“, чие петто издание ќе се одржи од 5-ти до 8-ми ноември 2015 година во Кино Фросина, МКЦ и Кинотека на Македонија.
Термините на сите групи коишто имаат регуларни часови во сабота (24.10.2015), недела (25.10.2015) и вторник (27.10.2015), се преместуваат во недела на 25.10.2015 во просториите на Кинотека на Македонија од 18:00 до 20:00 часот.
Учесници во спотот беа дел од децата членови на филмското училиште Тинтири Минтири.
Актери се членовите на филмското школо Тинтири Минтири.
Група деца се обидуваат да преживеат во природа. Но, опасноста демне. Дали богатството ќе биде клетва или благослов?