Во рамки на овогодинешното петто издание на меѓународниот фестивал за анимирани филмови Анимакс Скопје Фест ќе бидат прикажани анимирани филмови за деца и ќе се организираат две работилници за анимација за деца, на кои можете да се пријавите.

r1

1. “Лисјата паѓаат, љубов се раѓа”, работилница за анимација со песок за деца од 8 до 12 години

Денови на одржување: 5, 6 и 7 – ми ноември

Час:  од 14.00 до 16.00 ч.

Место на одржување : Младински Културен Центар

Песочната анимација е начин да се создаде сопствена приказна преку која можете да патувате низ вашите соништа.

Работилницата е за деца од 8 до 12 години која ќе се одржува во период од три дена (5, 6 и 7-ми ноември) од 14.00 до 16.00 часот во рамки на фестивалот Анимакс Скопје Фест во просториите на Кино Фросина – МКЦ. Работилницата ќе биде под менторство на едукатори од училиштето за анимирани филмови ШАФ–Врање. Анимацијата ќе се работи во техника песок. Финалниот производ  – краток анимиран филм ќе биде прикажан на големото платно на последната фестивалска вечер во рамки на Анимакс.

За оваа работилница пријавените треба да учествуваат сите три дена!

r2

 

2. “Како до супер херој” – работилница за анимација за деца

Ден на одржување: 07.11.2015 (сабота)

Час:  16.00 до 17.30 ч.

Место на одржување: Кинотека на Македонија

Работилница за деца од 6 до 12 години под менторство на Илчо Симовски.
Како почнувајќи од празен лист хартија и молив, стигнуваме до супер херојот од цртаните филмови.

Имеил за пријавување: animaxmacedonia@gmail.com