Летна авантура Потрага по загубеното богатство. Најнов македонски игран филм за деца!

Група деца заминува на преживување во природа. Но, опасноста демне постојано. Дали пронајденото богатство ќе биде клетва или благослов?

Сценарио и режија: Кузман Кузмановски
Снимател: Кирил Шентевски
Продукција: Аурипигмент од Скопје
Филмско училиште Тинтири Минтири
Производство 2016 година

Актерска екипа:
Билјана Јовановска
Владо Дојчиновски

Деца актери:
Васил Кузмановски
Илија Кузмановски
Филип Ѓурчиновски
Грегориј Љубенов
Јелопи Седеу Нишевиќ
Кјара Блажев
Габриела Гаќева
Анастасија Саздовска
Марина Илиева
Верица Филова

Овој филм произлезе како резултат на филмскиот камп за деца одржан летото 2015 година на планината Китка во организација на филмското училиште Тинтири Минтири.

Во период од 6 дена децата учесници и филмската екипа работеа во услови без проточна вода и струја и успејаа да го снимат филмот „Потрага по загубеното богатство“.

Повеќе за уписите во филмското училиште Тинтири Минтири можете да видите овде.

Погледнете го филмот Потрага по загубеното богатство!!!