Филмското училиште Тинтири Минтири се вклучи како дел од креативниот актерски тим на проектот „Врснички форум театар против насилство во училиштата“. Проектот се реализираше од страна на Здружението на граѓани Рубикон, каде серија работилници на тема „меѓуврсничко насилство“ резултираа со снимање на неколку видео клипови.

Нашите членови од најголемата група под менторство на организаторите снимија неколку видео клипови со кои потврдија дека не треба да бидеме толерантни на овој тип насилство, а првиот чекор е да го детектираме ваквото однесување.

Содржините на видео материјалите се наменети за деца од средношколска возраст.

Проектот е поддржан од Град Скопје.

Screenshot_11 Screenshot_12 Screenshot_13