Последниве неколку месеци во Тинтири Минтири интензивно се работеше на богата филмска програма: развивавме идеи, па следеа синопсиси, вредно пишувавме сценарија, додававме и одземавме реплики, се подготвувавме и планиравме снимање. Тој што видел – знае! Најпосле филмовите ги снимивме. Следеше монтажа во студио. Сега дојде најочекуваниот и највозбудливиот момент од процесот наречен „снимање филм“ – ФИЛМСКА ПРЕМИЕРА!!!

00001.00_47_05_35.Still001
На 8 јуни имате единствена можност да погледнете еден куп свежи филмски идеи и повеќемесечниот заеднички труд на нашите членови и тимот на Тинтири Минтири.
Настанот се случува во Кинотека на Македонија. Заради просторните можности прикажувањето ќе биде во три термини.
Билетите чинат 150 денари. Влезот за деца е слободен.
Резервации на билети и дополнителни информации на телефон 070 308 748 и во инбокс.
8 јуни 2019
Прва проекција 14:30 часот
Премиера во овој термин ќе имаат филмовите:
„Стапица“, „Тајна забава“, „Најдобрата другарка“
Втора проекција 16:00 часот
Премиера во овој термин ќе имаат филмовите:
„Изложба“, „Необично далечинско“, “Јутуб канал“, „Лажга“
Трета проекција 17:30 часот
Премиера во вој термин ќе имаат филмовите:
„Изгубени во природа“, „X“, „Прво-2“

00099.00_02_38_42.Still003