Филмско училиште 

за деца од 6 до 18 години
Создаваме реални проекти во сферата на филмот и телевизијата. Нашите дела ги прикажуваме не само интерно, туку пред широката македонска јавност.

 Работиме според структурирана едукативна програма на менторска основа. Учениците учат сами да пишуваат, снимаат и монтираат филмови. При тоа ги запазуваме сите педагошки барања и дидактички принципи.

Нашата воспитна и образовна цел ја исполнуваме со јавно прикажување на работата во текот на годината, како и на завршна филмска премиера:

– Кино премиера на сите филмови создадени од деца на меѓународен филмски фестивал.

– Телевизиско и интернет емитување на сите реализирани проекти.

Што и како работиме

Филмска и тв глума, филмско и тв сценарио, филмска и тв режија, креативно пишување, анимација, водители, радио драма, градење однос кон камера и јавен настап.

Учењето во Тинтири Минтири е првенствено практично – постојани снимања и теренска работа на сет што само по себе создава голема искуствена подлога кај децата.

C0022.01_13_52_09.Still038

DSC03015
Сите наши членови се директно вклучени во многу филмски, телевизиски и фестивалски проекти во текот на целата година, меѓу другото и на два меѓународни филмски фестивали: Анимакс Скопје Фест (http://animaxskopjefest.mk/) и  Тинтири Минтири Филм Фест (http://tintirimintiri.mk/).

dsc06907

Групите со кои работиме се поделени во тесни возрасни категории. Бројот на членови во групите не надминува 15.

Часовите се одржуваат како блок часови еднаш во неделата во студио во Македонска телевизија. Снимањата се организираат во посебни, дополнително одредени термини за што тековно се договараме.

Цена и начин на плаќање

Месечното членство изнесува 1.200 денари и се плаќа најдоцна со 15-ти во месецот на жиро сметката на училиштето. За запишување на две или повеќе деца од исто семејство или за однапред платено членство за цела година следува попуст. За снимањата се доплаќа зависно од потребите. За повеќе информации прочитaјте го правилникот подолу.

Како да се запишете

Сите заинтересирани нови членови треба да ја пополнат пријавата подолу или да испратат основни податоци на нашиот мејл kc.tintirimintiri@gmail.com (име и презиме, возраст, училиште, контакт на родител). Повеќе информации во правилникот подолу во текстот и на телефон 078 30 21 61.

ПРИЈАВА ЗА УПИС  

Повеќе за нашата досегашна работа

– играна серија за деца Вистински приказни (20 продолженија) емитувана на Македонска телевизија јуни/август 2017 во која главните улоги ги толкуваат нашите членови

Снимен игран филм Паника на бродот (во јуни 2017)

– Снимен игран филм за деца Потрага по загубеното богатство.

– Други филмови снимени со нашите членови.

 ПРАВИЛНИК

Пред да се пријавите ве молиме внимателно прочитајте го правилникот.

Месечното членство за членовите на филмското школо Тинтири Минтири изнесува 1.200 денари. Доколку месечното членство се плаќа за две деца од исто семејство (браќа, сестри), членството изнесува по 1.000 денари. Доколку членството се уплати за 9 месеци однапред, месечното членство изнесува 1.000 денари.

Доколку членот отсуствува од еден или повеќе часови, се плаќа целосно месечно членство. Во одредени однапред најавени случаи, болест или најавени отсуства, може да се направат отстапки во поглед на месечната сума за членство, во договор со одговорните лица од Тинтири Минтири.

За снимањата се доплаќа зависно од потребите, за што  родителите ќе бидат навремено известени.

Филмското училиште Тинтири Минтири го задржува правото да не запише одредени заинтересирани странки, задржувајќи го своето стручно дискреционо право на избор.

Со пополнување и испраќање на пријавата родителите / старателите се согласуваат децата за кои е пополнета пријавата да учествуваат во сите проекти на филмското училиште Тинтири Минтири, како и на јавно прикажување на сите материјали производ од работата на училиштето.
Повеќе информации на телефон 078 30 21 61 и на нашата веб страна http://tintirimintiri.mk/