Забавната викенд работилница за стоп-анимација „Конец и лонец“ ќе се одржи на 15 и 16 октомври (сабота и недела) во просториите на филмското училиште Тинтири Минтири.

icon-animacija

Работилницата е наменета за деца од 6 до 12 години. За учество не е потребно претходно искуство.

Уникатна и несекојдневна активност!

Дата: 15 и 16 октомври (сабота и недела)

Место: студиото на Тинтири Минтири во Дом на градежници

Времетраење: почеток во 11.00 часот, а ќе траат по 2 до 3 часа, зависно од концентрацијата на учесниците

На работилницата децата ќе создадат краток анимиран филм во техника стоп-анимација со времетраење од 1 до 2 минути. Краткиот филм ќе биде прикажан во рамки на Меѓународниот филмски фестивал „Анимакс Скопје Фест“

images

Активности:

1. Развој на идеја

2. Изработка на сценарио

3. Изработка на сториборд

4. Изработка на модели, реквизити и сценографија

5. Продукција на краток филм со времетраење од 1 до 2 минути, кој ќе содржи најавна и одјавна шпица, музика, аудио ефекти и нарација

6. Премиера на филмот пред публика

Работата на анимиран филм има голем број позитивни ефекти:

– едукација во филмска сфера, основи на сценарио, режија и техники за анимација

– поттикнува тимска работа во група

– развивање на лидерски вештини

– поттикнува комуникација и дружба

– насочува кон креативно решавање на проблеми

– поттикнува истражување на техники и материјали

IMG_7384-tiny

Повеќе информации во порака на нашите социјални мрежи или на тел. 078 30 21 61

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО