Актерите од филмското училиште Тинтири Минтири снимија видео спот за песната „Мама ми рече“. Во спотот за превласт се борат децата кои се хранат здраво и „бандата“ која јаде брза и нездрава храна. Наскоро ќе можете да видите кој ќе биде победникот.

Изведбата е на Веда Стефановиќ и Румен Кузмановски.

Музика: Александар Тодороски – Алекс, Еквилајзер

Аранжман и мастеринг: Александар Тодороски – Алекс

Продукција: Филмско училиште Тинтири Минтири 2019

Погледнете галерија фотографии од снимањето.