Заврши и втората, најзабавната фаза од натпреварот. Овојпат биравме најпопуларен монолог на Фејсбук.

И еве, официјално ги прогласуваме победниците кои имаа најголем број споделувања и лајкувања:

Ванеса Георгиева (прво место)

Калина Ристеска и Теона Митковска (второ место)

Ника Трајановска и Лара Костовска (трето место).

Најгледани монолози на Јутуб се монолозите на Ванеса Георгиева, Бисера Илиева, Вероника Митреска и Теона Митковска.

Им честитаме на сите што се вклучија на натпреварот. Победниците ќе добијат дипломи и книги.

Резултатите од првиот дел на натпреварот можете да ги видите тука.

Погледнете ги уште еднаш најпопуларните монолози.