Децата од Тинтири Минтири снимија најава за детската програма на Анимакс Скопје Фест
Членовите на филмското училиште „Тинтири Минтири“ снимија кратка најава за детската програма на меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“, чие петто издание ќе се одржи од 5-ти до 8-ми ноември 2015 година во Кино Фросина, МКЦ и Кинотека на Македонија.