10Nov/15

Мастер клас на членовите на КЦ Тинтири Минтири со босанскиот аниматор Берин Тузлиќ

Во рамки на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ се одржа мастер клас на членовите на КЦ Тинтири Минтири со босанскиот аниматор Берин Тузлиќ, кој е добитник на над 20 награди за своите анимирани филмови.

05Nov/15

Соопштение за промена на термин

Ве информираме дека на 08.11.2015 (недела) од 14.00 до 16.00 часот во Кинотека на Македонија (кај Лептокарија) ќе се одржи заеднички час на сите групи од филмското училиште Тинтири Минтири, во рамки на фестивалот Анимакс Скопје Фест. Часовите во редовните термини во сабота, недела и вторник нема да се одржат.

31Oct/15

Работилници за анимација за деца на Анимакс Скопје Фест

Во рамки на овогодинешното петто издание на меѓународниот фестивал за анимирани филмови Анимакс Скопје Фест ќе бидат прикажани анимирани филмови за деца и ќе се организираат две работилници за анимација за деца, на кои можете да се пријавите.