Обично шминката се користи за да се скријат некои недостатоци на лицето, да се направи кожата да изгледа почисто, да се добие помладешки изглед. Но она што може да се направи со филмската шминка и маска е нешто сосема поинакво – со неа се создава нова реалност.
Како се прават раните во филмовите? Како модринките на актерите во филмските тепачки изгледаат толку вистински? Лузни, исекотини, рани…
Со нашиот гостин филмскиот шминкер Igor Petreski имавме можност практично да видиме како се создаваат специјалните ефекти кога станува збор за шминка и маска во филмот.