Радио драмата е уметничка форма во која се изведуваат приказни или драмски текстови што се емитуваат на радио. Овие дела немаат визуелен аспект и целосно се потпираат на дијалозите, музиката и звучните ефекти, со цел доследно да ја доловат приказната.

“Радиодрамите наменети за деца ја поттикнуваат нивната фантазија, овозможувајќи им имагинативно да ги создадат ликовите чии гласови ги слушаат. Слушајќи тие го замислуваат физичкиот изглед на ликовите, се ориентираат во просторот, создаваат свои простории и предмети што ги опкружуваат актерите. Слушателите градат целосен фантастичен свет поттикнат единствено од идеја поддржана со глас, музика и специјални аудио ефекти. Радио драмата како форма е одмор за визуелно презаситеното детско око и најздрава храна за нивната имагинација.“, вели Кузмановски, автор на проектот.

Децата пак, кои се вклучени во создавањето на ова уметничко дело како актери, се соочуваат со класичниот процес на градење на карактер.

“Карактерите во радио драмата се носители на дејството. Затоа добро изградени ликови со издвоени каракрактерни црти се од клучна важност за квалитетот на радио драмата. Во процесот на градење на карактерот детето учи на повеќе нивоа: се соживува со лик, ги претпоставува неговите емоции, гради заислени релации со останатите ликови и се обидува да најде најдобар начин на изразување на чувствата, а сето тоа во една ограничена средина, кога “алат“ за работа претставува само неговиот вокал.“, вели Кузмановски

Радио драмата се раѓа на хартија, се создава од страна на сценаристот, но како дело оживува под водство на режисерот во соработка со актерите кои ги живеат ликовите.

Топло го препорачуваме ова актерско, креативно и едукативно искуство на децата на возраст од 6 до 16 години.

За пријавување аудицијата за серијата на радио драми Чиста 9-ка види тука.