Вклучете се во најзабавниот  натпревар и бидете и вие дел од Тинтири Минтири Шоу!

Ако сте добри во решавање загатки, снаодливи и брзи, сакате предизвици и многу забава, вие сте создадени за овој натпревар!

ТРЧАЈ, МИСЛИ, ПОБЕДИ!

Натпреварот е наменет за сите деца од 8 до 14 години!
 3

Како се натпреварува

Учесниците се распоредуваат во тимови од по 5 души. Се натпреваруваат по 2 тима, а секој тим што ќе победи во дуелот продолжува понатаму.
1
Секој тим добива листа на задачи кои треба да ги изврши за одреден временски период, како и неопходни предмети за завршување на предизвиците. По завршувањето на задачите, комисија врши проверка на извршените задачи. Победува тимот со повеќе поени.
2
Натпреварот се снима и во делови се прикажува во рамки на емисијата Тинтири Минтири Шоу.
5

Како се пријавува

За пријавување потребно е да се пополни пријавата на овој линк или да се пријавите во инбокс на нашата Фејсбук страна Film school Tintiri Mintiri.
Доколку некој сака да учествува, а не е дел од  тим, може да се пријави поединечно и да биде вклучен во тим што ќе го формира организаторот.
4
Сите учесници треба да имаат пополнета и потпишана согласност од родители за учество и снимање.
За пријавување се плаќа партиципација од 500 ден. по учесник.

Кога е натпреварот

 Натпреварот се организира во периодот од 18 до 30 јуни.
Точниот термин на секој пријавен тим ќе му биде одреден откако ќе се разгледаат пријавите.