Што: Новогодишен натпревар во монолози
Кога: На 29 декември (сабота) 2018 во 12.00 часот
Каде: Во Тинтири Минтири
Кој: може да учествуваат деца и млади од 6 до 18 години
MAESTRI_BIMBA_SITO
Како: секој натпреварувач треба да изведе монолог со времетраење од околу 1 минута, според сопствен избор на текст, извадок од одредено дело или оригинално напишан.  Натпреварувачите ќе бидат оценувани од страна на тричлено стручно жири. Исто така ќе може да се гласа и за видео материјалите кои вирално ќе се споделуваат. Најдобрите монолози ќе бидат прикажани во рамки на популарната емисија за деца Тинтири Минтири Шоу. Сите учесници добиваат сертификати за учество.
Пријавување на овој линк или на мејлот kc.tintirimintiri@gmail.com.
Kids-Casting-Call
 За учество се плаќа партиципација од 300,00 ден.
Примач: Аурипигмент Тинтири Минтири
ж-ска: 300000003886438
Банка депонент: Комерцијална Банка
Назнака: (име и презиме на дете) за учество на натпревар во монолог 2018
 Монолог – говор од подолго траење што еден лик му го упатува на друг, како форма на драма. Монологот го изведува лик што директно и се обраќа на публиката или ги искажува своите мисли гласно додека е сам или додека другите актери се тивки.