Летни уписи во Тинтири Минтири, интензивна програма за деца од 9 до 14 години!

Филмското училиште Тинтири Минтири врши упис на деца за летниот период. Програмата опфаќа  теоретска и практична работа во сферата на телевизијата, филмот и стоп анимацијата, и е прилагодена за деца на возраст од 9 до 15 години.

C0001.00_57_02_11.Still008

Распоред на активности

Прва недела: 18, 20 и 22 јуни од 09:00 до 13:00 часот.

Втора недела: 25, 27 и 29 јуни од 09:00 до 13:00 часот.

Трета недела: 2, 4 и 6 јули од 09:00 до 13:00 часот.

Локација: Просториите на Тинтири Минтири во Центар (Даме Груев бр. 7) кај полициската станица Беко.

C0001.00_57_10_16.Still004

Работни содржини:

– Како да се стигне од идеја до тв скеч

– Практична и теоретска работа со актери и други професионалци од областа на филмот и телевизијата, споделување лични искуства и заедничко креирање на содржини

– Видео спот (подготовки и снимање)

–  ТВ репортажa (вежби и снимање)

– Стоп анимација (теоретска и практична работа)

– Тимски натпревари во предизвици (снимање)

– Други креативни содржини

Снимените содржини ќе бидат прикажувани во емисијата Тинтири Минтири Шоу на Канал 5 телевизија која ќе се емитува во летниот период.

Цена на неделно ниво: 1.800 денари.

Цена за еден ден: 750 денари.

Активностите се наменети за деца на возраст од 9 до 15 години, со или без досегашно искуство на телевизиски или театарски проекти.

Пријавувањето се врши ТУКА или на и-мејл: kc.tintirimintiri@gmail.com

Контакт телефон за повеќе информации: 078 30 21 61