Филмското училиште Тинтири Минтири врши зимски упис на нови членови на возраст од 9 до 18 години за учебната 2019 година.

Нашите простории се наоѓаат во центарот на градот, веднаш кај полициската станица Беко.

ПРИЈАВА ЗА УПИС 

Работиме според структурирана едукативна програма на менторска основа. Учениците учат сами да пишуваат, снимаат и монтираат филмови. При тоа ги запазуваме сите педагошки барања и дидактички принципи.

Нашата воспитна и образовна цел ја исполнуваме со јавно прикажување на работата во текот на годината:

– Телевизиска едукативно забавна емисија за деца Тинтири Минтири Шоу која се емитува во периодот до 07.01.2018 до денес, секоја недела во 11.00 часот на Канал 5 телевизија.

– Кино премиера на сите филмови создадени од деца на меѓународен филмски фестивал.

– Интернет прикажување на сите реализирани проекти.

Што и како работиме

Филмска и тв глума, филмско и тв сценарио, филмска и тв режија, креативно пишување, анимација, водители, радио драма, градење однос кон камера и јавен настап.

нова сезона

 Сите наши членови се директно вклучени во многу филмски, телевизиски и фестивалски проекти во текот на целата година, меѓу другото и на два меѓународни филмски фестивали: Анимакс Скопје Фест (http://animaxskopjefest.mk/) и  Тинтири Минтири Филм Фест (http://tintirimintiri.mk/).

34 EPIZODA.00_43_30_24.Still025

Часовите се одржуваат како блок часови еднаш во неделата во студио во центар, кај полициската станица Беко. Снимањата се организираат во посебни, дополнително одредени термини за што тековно се договараме.

 Како да се запишете

Сите заинтересирани нови членови треба да ја пополнат пријавата подолу или да испратат основни податоци на нашиот мејл kc.tintirimintiri@gmail.com (име и презиме, возраст, училиште, контакт на родител). Повеќе информации во правилникот подолу во текстот и на телефон 078 30 21 61.

Повеќе за нашата досегашна работа

– едукативно забавна емисија за деца Тинтири Минтири Шоу која секоја недела во 11.00 часот се емитува на Канал 5 телевизија во период од 07.01.2017 до денес.

– играна серија за деца Вистински приказни (20 продолженија) емитувана на Македонска телевизија јуни/август 2017 во која главните улоги ги толкуваат нашите членови

Снимен игран филм Паника на бродот (2017)

– Снимен игран филм за деца Потрага по загубеното богатство.

– Други филмови снимени со нашите членови.

ПРАВИЛНИК

Пред да се пријавите ве молиме внимателно прочитајте го правилникот. Месечното членство се плаќа најдоцна до 15-ти во тековниот месец на жиро сметка на Тинтири Минтири. Сумата на месечно членство изнесува 1.500 денари. Доколку членот отсуствува од еден или повеќе часови, се плаќа целосно месечно членство. Во одредени однапред најавени случаи, болест или најавени отсуства, може да се направат отстапки во поглед на месечната сума за членство, во договор со одговорните лица од Тинтири Минтири.  За запишување на две деца од исто семејство или за уплата на чланарина за цела година се овозможува попуст на вкупната сума.

Филмското училиште Тинтири Минтири го задржува правото да не запише одредени заинтересирани странки, задржувајќи го своето стручно дискреционо право на избор. Со пополнување и испраќање на пријавата родителите / старателите се согласуваат децата за кои е пополнета пријавата да учествуваат во сите проекти на филмското училиште Тинтири Минтири, како и на јавно прикажување на сите материјали производ од работата на училиштето.

Повеќе информации на тел. 078 30 21 61.