2-kids-mic

Филмското училиште Тинтири Минтири и Аурипигмент продукција започнуваат со реализација на проектот Чиста 9ка. Станува збор за снимање на девет радио драми за деца според расказите од збирката Чиста 9-ка од м-р Кузман Кузмановски. Радио драмите се наменети за јавно емитување на радио и интернет, како и за промотивна изведба во живо пред публика.

KOrica 9-ka

Аудицијата за главните и споредните улоги во проектот е отворена за сите заинтересирани деца и млади на возраст од 6 до 16 години, а ќе се одржи на 26 август (сабота) во 12.00 часот во просториите на Македонска телевизија.

Сите заинтересирани учесници треба да го пријават своето присуство на мејл адресата kc.tintirimintiri@gmail.com со испраќање на податоци: име и презиме на дете, возраст, место на живеење, контакт телефон и активен мејл, или со пополнување и испраќање на пријавата подолу.

ПРИЈАВА

Пријавените кандидати треба да подготват кратка стихотворба по сопствен избор.