10ное/15
8

Мастер клас на членовите на КЦ Тинтири Минтири со босанскиот аниматор Берин Тузлиќ

Во рамки на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ се одржа мастер клас на членовите на КЦ Тинтири Минтири со босанскиот аниматор Берин Тузлиќ, кој е добитник на над 20 награди за своите анимирани филмови.

05ное/15
logo

Соопштение за промена на термин

Ве информираме дека на 08.11.2015 (недела) од 14.00 до 16.00 часот во Кинотека на Македонија (кај Лептокарија) ќе се одржи заеднички час на сите групи од филмското училиште Тинтири Минтири, во рамки на фестивалот Анимакс Скопје Фест. Часовите во редовните термини во сабота, недела и вторник нема да се одржат.

31окт/15
r2

Работилници за анимација за деца на Анимакс Скопје Фест

Во рамки на овогодинешното петто издание на меѓународниот фестивал за анимирани филмови Анимакс Скопје Фест ќе бидат прикажани анимирани филмови за деца и ќе се организираат две работилници за анимација за деца, на кои можете да се пријавите.

31окт/15
6

Децата од Тинтири Минтири снимија најава за детската програма на Анимакс Скопје Фест

Членовите на филмското училиште „Тинтири Минтири“ снимија кратка најава за детската програма на меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“, чие петто издание ќе се одржи од 5-ти до 8-ми ноември 2015 година во Кино Фросина, МКЦ и Кинотека на Македонија.

22окт/15
logo

Известување

Термините на сите групи коишто имаат регуларни часови во сабота (24.10.2015), недела (25.10.2015) и вторник (27.10.2015), се преместуваат во недела на 25.10.2015 во просториите на Кинотека на Македонија од 18:00 до 20:00 часот.