Пријави се и стани дел од нашата филмска приказна.

Филмско училиште за деца и млади од 6 до 18 години

Создаваме реални проекти во сферата на филмот и телевизијата. Нашите дела ги прикажуваме не само интерно, туку пред широката македонска јавност.

ПРИЈАВА ЗА УПИС  

Пополнете и испратете ја пријавата или пратете податоци на нашиот мејл kc.tintirimintiri@gmail.com.

Повеќе информации на телефон 078 30 21 61.

Работиме според структурирана едукативна програма. Учениците учат сами да пишуваат, снимаат и монтираат филмови. При тоа ги запазуваме сите педагошки барања и дидактички принципи.

Нашата воспитна и образовна цел ја исполнуваме со јавно прикажување на работата во текот на годината, како и на завршна филмска премиера:

– Кино премиера на сите филмови создадени од деца на меѓународен филмски фестивал.

– Телевизиско и интернет емитување на сите реализирани проекти.

Активности:

Филмска и тв глума, филмско и тв сценарио, филмска и тв режија, креативно пишување, анимација, водители, радио драма, градење однос кон камера и јавен настап.

Уникатно филмско, фестивалско и телевизиско искуство за деца од 6 до 18 години.

icon-rezija

icon-radio  icon-voditeli

icon-scenario      icon-animacija      icon-gluma

УПИСИ ЗИМА 2017!!!

Стани дел од филмската екипа на Тинтири Минтири и учествувај во снимањето на филмови за деца. Снимените филмови премиерно се прикажуваат на меѓународниот филмски фестивал за деца „Тинтири Минтири Филм Фест“, каде на црвениот тепих ќе стапнат сите деца членови кои помогнале во создавањето на нашата фестивалска филмска магија. Учењето во Тинтири Минтири е пред се практично – постојани снимања и теренска работа на сет што само по себе создава голема искуствена подлога кај децата.

DSC03015

Сите Tинтириминтирџии активно учествуваат и во многу други филмски, телевизиски и фестивалски проекти во текот на целата година, меѓу другото на два меѓународни филмски фестивали: меѓународниот филмски фетивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ (ноември) и меѓународниот филмски фестивал за филм за деца „ТинтириМинтири Филм Фест“ (јуни), на кој освен што се прикажуваат филмови за деца, постои уникатна селекција од филмови на правени од деца.

C0018.00_11_32_05.Still006

Групите со кои работиме се поделени во тесни возрасни категории. Бројот на членови во групите не надминува 15.

Часовите се одржуваат како блок часови еднаш во неделата во студио во Македонска телевизија. Снимања се организираат во посебни, дополнително одредени термини.

Месечното членство изнесува 1.500 денари. Со купон за попуст од списанието Теа Модерна членството изнесува 1.200 денари. Купонот за попуст ќе почне да излегува од септември 2016 година. Сите детали околу плаќањето и попустите можете да ги видите во правилникот на филмското училиште подолу на страната.

Училиштето е финансиски поддржано од Агенција за филм на Република Македонија.

КАКО ДА СЕ ЗАПИШЕТЕ?

Сите заинтересирани нови членови треба да ја пополнат пријавата подолу, или да испратат основни податоци на нашиот мејл kc.tintirimintiri@gmail.comме и презиме, возраст, училиште, досегашно искуство). Контакт за повеќе информации 078 30 21 61.

ПРИЈАВА ЗА УПИС 

ПРАВИЛНИК

Пред да се пријавите ве молиме внимателно прочитајте го правилникот.

Месечното членство за членовите на филмското школо Тинтири Минтири изнесува 1.500 денари. Со приложен купон за попуст од списанието Теа модерна, членството изнесува 1.200 денари. (купонот ќе излегува од септември 2016) Доколку месечното членство се плаќа за две деца од исто семејство (браќа, сестри) со купон, членството изнесува по 1.000 денари. Доколку членството се уплати за 9 месеци однапред, месечното членство изнесува 1.000 денари.

Доколку членот отсуствува од еден или повеќе часови, се плаќа целосно месечно членство. Во одредени однапред најавени случаи, болест или најавени отсуства, може да се направат отстапки во поглед на месечната сума за членство, во договор со одговорните лица од Тинтири Минтири.

Доколу за потребите на одредени проекти има потреба од дополнителни трошоци, родителите ќе бидат навремено известени.

Филмското училиште Тинтири Минтири го задржува правото да не упише одредени заинтересирани странки, задржувајќи го своето стручно дискреционо право на избор.

Со пополнување и испраќање на пријавата родителите / старателите се согласуваат децата за кои е пополнета пријавата да учествуваат во сите проекти на филмското училиште Тинтири Минтири, како и на јавно прикажување на сите материјали производ од работата на училиштето.
Повеќе информации на телефон 078 30 21 61 и на нашата веб страна http://tintirimintiri.mk/