Промотивен видео спот за детската програма на меѓународниот филмски фестивал за анимиран филм Анимакс Скопје Фест ќе се снима на 18 ноември (петок) во 12.00 часот.

На снимањето можат да учествуваат сите заинтересирани членови на филмското студио Тинтири Минтири.

Пријавување најдоцна до 16 ноември (среда) на нашиот мејл kc.tintirimintiri@gmail.com или во инбокс.

Годинешното шесто издание на Анимакс ќе се одржи од 1 до 4 декември 2016 година во Кинотека на Македонија.

Покрај главната програма,  годинава на Анимакс ќе биде прикажана богата филмска програма наменета за деца. Ќе се одржат и работилници за анимација под менторство на уметници – аниматори со светско реноме.