Testimonial-1

Часовите по глума овозможуваат придобивање на нови животни вештини. Една од нив е можноста слободно да се зборува во јавност или пред поголема група луѓе. Голем дел од учениците чувствуваат срам кога треба нешто јавно да кажат. Со правилен пристап децата можат да ја зголемат самодовербата на ова поле. Слободното изразување во јавност не се учи одеднаш, туку постепено: најрвин се губи стравот пред публика, се учи како правилно се движи телото , како правилно се пренесува пораката и слично.

Уште една придобивка на посетување на часовите по глума  е подобрување на комуникацијата. Децата секогаш можат да научат да станат подобри слушатели. Часовите по глума им овозможуваат како правилно да слушаат. Сите школи за глума  обрнуваат внимание на репликите и дијалогот, со што се изучува вниматено и ефективно подобрување на комуникација за краток период.

Promise-Backdrop

Школото за глума им дава знаења на децата како да бидат пофлексибилни во таа област.Тоа знаење потоа им се пренесува како добра особина кога ќе пораснат. Во секое добро училиште за глума се работат вежби за имрповизација. Преку разновидни филмски игри децата учат како да го слушаат партнерот и добро да комуницираат меѓу себе.

Самодоверба –Застанувањето пред камерите може да биде застрашувачко искуство за децата. Но на тој начин тие се приспособуваат и учат како да го изгубат почетничкиот страв, не само во врска со глумата туку и со многу други сфери во животот. Стресот со кој некое дете рагира во одредени ситуации, на пример одговарање пред професор за оцена, со посетување на часови на глума ќе изгуби од својот интензитет и детето ке реагира пореалксирано.

 Работа во групи- Работење во група дефинитивно претставува предизвик за самите деца. За некои деца работата во група е процес што треба да го научат. Со работата во група децата учат  взаемно да соработуваат, ги искажуваат своите мислења и да ги усовршуваат своите вештини.

Пријателство и забава – Во школото за глума децата заемно соработуваат и се дружат. Уште од нивната најрана возраст формираат цврсти пријателства кои понекогаш остануваат цел живот.

Погледнете повеќе за уписите во филмското училиште Тинтири Минтири.